Регион
Илјадници луѓе пристигнаа во Сребреница на комеморацијата на жртвите
Илјадници луѓе пристигнаа во Сребреница со цел да учествуваат на комеморацијата на 29-годишнината од геноцидот извршен врз Бошњаците во 1995 година, а беше најавена од многубројни политичари и претставници на меѓународната заедница.
Пред комеморацијата во Сребреница, Гати Сантана рече дека Преостанатиот механизам за меѓународните кривични судови (МИКТ), наследникот на Хашкиот трибунал, ќе продолжи со својата работа најмалку во следните две години со цел да му помогне на судството во Босна и Херцеговина во процесирање на преостанатите случаи на воени злосторства.
„Ние сме далеку од затворање на вратите на Механизмот. Тоа зависи од одлуката на Советот за безбедност на ОН“, рече таа.
Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) и МИКТ заедно со судовите во Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија досега осудиле вкупно 54 лица за воени злосторства во Сребреница, вклучително и за геноцид, и ги осудиле на 781 година во затвор.
Само за геноцидот во Сребреница беа осудени седум лица, меѓу кои и воените водачи на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, кои беа осудени на доживотен затвор.
Други 11 члена на војската или полицијата на босанските Срби или српските структури беа осудени на затворски казни за други злосторства во Сребреница, како што се злосторства против човештвото. По комеморацијата в четврток, во Сребреница ќе бидат погребани посмртните останки на уште 14 жртви на геноцидот.
Во четвртокот лидерот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ, изрази солидарност со членовите на семејствата на жртвите.
„Денес, на 29-годишнината од страшното злосторство, светот колективно се сеќава на болката и жртвите на Сребреница. Нека споменот на геноцидот во Сребреница и сите одземени невини животи биде трајна обврска за одржување на мирот, но и предупредување вакво зло никогаш повеќе да не се повтори“, објави Човиќ на платформата Х.
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, испрати порака со сочувство додавајќи дека односот кон овој ден треба да покаже посветеност на мирот, стабилноста и подобрата иднина во Босна и Херцеговина.
„Како што изразив жалење за настраданите Срби, изразувам сочувство до семејствата на Бошњаците“, напиша Додик на Х.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

