Регион
Индискиот амбасадор во Хрватска ја наслика Колинда, одвај може да се препознае

Индискиот амбасадор во Хрватска, Сандип Кумар, на официјалната фејсбук-страница на Амбасадата ги покажа своите проштални подароци за хрватските власти.
„Амбасадорот им подари слики кои тој самиот ги насликал, на кои се прикажани различни теми, како што се парламентарните избори во Хрватска, кризата во ‘Агрокор’, катедралата во Загреб, успешното патување на Хрватска на Светското фудбалско првенство, хрватски споменици и портрет на претседателката на Хрватска”, стои на Фејсбук.
Портретот на хрватската претседателка го доби токму таа. И кога не би знаеле кој му бил инспирација, тешко би погодиле дека тоа е Колинда Грабар-Китаровиќ.
Премиерот Андреј Пленковиќ доби слика за изборите во Хрватска. Таа мошне верно покажува дека изборите во Хрватска биле хаотични.
Сликата „Кризата во Агрокор” амбасадорот му ја подари на министерот за економија Дарко Хорват, кого токму таа криза го донесе во владата.
Милан Бандиќ доби слика на загрепската катедрала, а Златко Далиќ доби ликовен приказ на успехот на хрватската репрезентација на Светското фудбалско првенство во Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.