Регион
И покрај заразените туристи, Грција продолжува да ги олеснува мерките

Здравствените власти во Грција се во состојба на подготвеност бидејќи се зголемува бројот на заразени со коронавирусот, а повеќето случаи се поврзани со туристички патувања, особено оние што доаѓаат од балканските земји, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
„Еден случај предизвика особена загриженост, а станува збор за граѓанин на Србија, кој летото го помина во Едипсос на Евија. По тестот, тој и неговата сопруга беа позитивни, а здравствените власти се обидоа да ги идентификуваат нивните контакти, вклучувајќи го и таксистот што ги возеше до болницатa“, пишува „Катимерини“.
Додаваат дека Србинката е првиот случај на зараза со вирусот на островот Крф, а четворица српски државјани, за кои се утврди дека се позитивни на граничниот премин, се сместени во специјален хотел за карантин на Тасос.
Националната организација за јавно здравје објави 33 нови случаи на заразени со Ковид-19 и 21 случај на заразени туристи.
И покрај зголемувањето на бројот на заразени, грчките власти дополнително ги олеснија мерките поврзани со борбата против коронавирусот, а од вчера маските не се задолжителни за посетителите на трговските центри, иако тие остануваат задолжителни за вработените во продавниците. Исто така, укинато е ограничувањето за најмногу шест гости на маса во грчки барови и ресторани.
Грчкиот министер за здравство, Василис Кикилијас, ги повика регионалните и локалните власти да ги засилат инспекциите во кафулињата и рестораните.
„На земјата ѝ треба туризам, како економски така и психолошки. Сепак, гледаме дека случаите се зголемуваат како во соседните земји така и на глобално ниво“, рече тој додавајќи дека Грција е најдобриот пример во управувањето со ситуацијата предизвикана од вирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград: маж почина штом слета од Тунис

Вистинска драма се одвивала синоќа, еден час по полноќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кога на патникот Н. Л. (64) му се слошило штом неговиот авион слетал од Тунис.
Според информациите објавени од „Блиц“, лекарите на аеродромот „Никола Тесла“ веднаш му укажале помош, но човекот не можел да се спаси.
Неговата сопруга била до него цело време. Таа, неофицијално, изјавила дека на нејзиниот сопруг му се слошило штом излегол од авионот. Лекарите итно реагирале, но и покрај нивните напори, немало начин да се спаси.
За случајот било известено Вишото јавно обвинителство, кое нареди обдукција на телото на мажот, објавија српските медиуми.
Регион
Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека само обединета Европа може да биде независна Европа, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина и на Молдавија е во ЕУ.
Во својот годишен говор до нацијата пред Европскиот парламент таа повика на следно обединување на Европа.
„Кога зборуваме за независност, зборуваме за избор на нашата судбина. Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што го заслужуваат сите Европејци. Бидејќи Европа е идеја – идејата за слобода и заемна сила. Тоа беше идејата што ја водеше генерацијата по 1989 година кога Истокот и Западот се обединија. Сега е исто толку моќна како што беше и тогаш. Затоа ги доближуваме идните земји членки до нашата Унија. Треба да го одржиме темпото на овој процес базиран на заслуги“, рече Фон дер Лајен, пренесува „Танјуг“.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во Атина, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) ја процени јачината на 5,2 степени.
Земјотресот се случил околу 30 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил во морето 45 километри североисточно од грчката престолнина и 4 километри од брегот на Неа Стира на југозапад од Евија, вториот по големина остров во Грција.
2/#Greece #σεισμός #sismo #deprem https://t.co/UkYhUkNJG3
— GeoTechWar (@geotechwar) September 9, 2025
Според грчките медиуми, засега нема вести за евентуални жртви или штети. Градоначалникот на Маратон, Стергиос Циркас, изјави за телевизијата ЕРТ дека земјотресот бил многу силен и додаде дека засега нема вести за штети.
Грција се наоѓа на неколку геолошки раседи и често е погодена од земјотреси. Во мај, земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди островот Крит и беше почувствуван дури до Египет и грчкиот главен град, додека во јануари и февруари беше регистрирана силна сеизмичка активност во областа на островот Санторини во Егејското Море.