Регион
Каменос: Ќе ја спречиме употребата на терминот Македонија во името на Скопје

По секоја цена ќе ја спречиме употребата на терминот Македонија во името на Скопје. Ова го изјави лидерот на „Независни Грци“ и министер за одбрана, Панос Каменос, кој е коалициски партнер во владата на Алексис Ципрас.
За грчката телевизија „Антена“, Каменос рече дека пред да стигне договорот во парламентот, треба да бидат исполнети грчките услови за уставни промени.
„За да има промена во Уставот, ќе треба да има избори во Скопје. Да претпоставиме дека ќе има избори и ќе има пресврт и ќе се прифатат промените во Уставот, кои денес не се прифаќаат. Само тогаш со одлука на грчката влада договорот ќе стапи во Парламентот и тогаш ќе одлучиме што да правиме. Но, пред сè, ние нема да понудиме слично решение во Парламентот. Второ, дури и другите да понудат, ние нема да гласаме. Ако треба, ќе го блокираме процесот и на друг начин“, рече уште Каменос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.