Регион
Канцеларката се распрашувала за посетата на Ердоган во Босна
Изборниот закон на БиХ, актуелните настани од земјата и регионот и посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган биле теми на разговорите помеѓу претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, и германската канцеларка Ангела Меркел.
„Ги појаснивме ставовите пред канцеларката Меркел, која е расположена да помогне во врска со Изборниот закон, бидејќи пријателите од Европа се загрижени дека нема да можеме да го формираме Домот на народите и вертикалата на власт, со што ќе испратиме лоша порака за нашиот европски пат, односно нема да можеме да ги почнеме преговорите со ЕУ“, изјави Изетбеговиќ за „Ал Џезира“.
Тој нагласи дека бил потрошен еден час на појаснување детали пред Меркел и незините советници околу тоа дека проблемот е во судирот на два принципа.
„Ќе дојдат претставници на Венециската комисија и ние ќе мораме да бидеме кооперативни. Тоа е како Рубикова коцка, но не е невозможно, особено ако имаме пријатели покрај нас“, изјави Изетбеговиќ.
На средбата Меркел прашала за посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и најавениот предизборен митинг.
„Ѝ кажав дека заедно со Ердоган ќе присуствувам на собирот на Унијата на европски турски демократи. Ниту Меркел, ниту Ердоган не се шефови на БиХ, но се добредојдени во нашата земја. Кога ќе го погледнете списокот на сè добро што направил Ердоган за БиХ и списокот на нешто лошо, ова второво нема да може да го најдете. Никому не би требала да биде спорна посетатата на Ердоган на Сараево“, оцени Изетбеговиќ и додаде дека пред два дена добил писмо дека Ердоган ќе дојде во работна посета во мај, а не во јуни, како што беше претходно најавено.
Германија е меѓу европските земји кои му забранија на Ердоган да одржува митинзи на нивна територија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

