Регион
Километарски колони за тестирање во Белград по одлуката на Црна Гора да ги отвори границите
Со недели наназад пред Институтот „Торлак“ на Вождовaц од четири часот почнуваат да се формираат километарски редови од луѓе кои доаѓаат да се тестираат за коронавирус.
torlak trenutno, vole ljudi crnu goru pic.twitter.com/R1RJWNeoBk
— Jovan (@jjoovannn) August 17, 2020
Од денеска метежот е уште поголем во Белград по одлуката на Црна Гора да ги отвори границите за српските туристи под услов да имаат негативен PCR-тест не постар од 48 часа или позитивен серолошки тест како доказ дека прележале Ковид-19 и имаат антитела.
На „Торлак“ нема закажување, а резултатите речиси по правило се добиваат во рок од 24 часа, поради тоа што на тестирање не доаѓаат само жителите на Белград, туку и од останатите делови на Србија, но и од соседните земји.
Torlak pic.twitter.com/i8GNcPz7s9
— Vladimir Pajic (@VladPajic) August 17, 2020
Цената на тестот за српските граѓани изнесува 6.000 динари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Секогаш е убаво да се сретне искрен пријател на Србија“: Вучиќ на средба со Урсула фон дер Лајен во Давос
Претседателот на Србија Александар Вучиќ во Давос се сретна со Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.
Своите впечатоци од таа кратка средба ги сподели на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
– Секогаш е убаво да се запознаеш со искрена пријателка на Србија, како што е Урсула фон дер Лајен. Кратка размена на мислења за актуелните состојби во светот и регионот, со фокус на забрзување на европскиот пат на Србија – рече Вучиќ.
Регион
„Не знам дали е жива мајка ми“; „Свекор ми беше во делот кој целосно изгоре“: членовите на семејствата чекаат вести за своите најблиски во Србија
Пред домот за стари лица во Бараево, каде што утринава избувна пожар, во кој досега загинаа осум лица, а седум беа повредени, пристигнуваат видно потресени членови на семејството на жителите на домот. Мажот, чија мајка била корисничка на домот, за „Блиц“ изјави дека нема информации дали мајка му е жива и дека се надева на најдобро.
Таа била на приземјето во делот што изгорел. „Немам информации дали е жива и каде е. Последен пат бев тука на 9 јануари кога на мајка ми ѝ донесов работи и сè што и требаше. Таа потоа прими терапија“, раскажува тој за „Блиц“.
На местото на настанот пристигнала и брачна двојка, а таткото на мажот бил жител на овој дом.
„Свекор ми беше внатре, во самиот дел кој целосно изгоре. Токму под оџакот“, вели видно потресена жената.
Таа додава дека немаат информации за неговата состојба, но дека знаат дека се пронајдени четири машки тела во целосно јагленисана состојба.
Медиумите потсетуваат дека најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава околу 4.30 часот избувна во дом за стари лица во Србија.
Како што соопштија од српската полиција, постојат основи на сомнение дека пожарот е подметнат, а полицијата во соработка со надлежното обвинителство продолжува интензивно да работи на утврдување на сите околности и факти за овој настан.
Во моментот на пожарот во домот имало 30 лица, од кои осум починале, седум се повредени, од кои на тројца им била укажана лекарска помош на Ургентниот центар, а на четворица на ВМА. Другите корисници се сместени во друг дом за стари лица, пренесува медиумот.
Регион
Петти ден се трага по тригодишното девојче кое во реката Сава во Загреб го внесе мајка му
Поминаа пет дена во потрагата по тригодишното девојче, чија мајка во средата го внела во реката кај загрепскиот мост Јанкомир. На теренот имаше повеќе од сто луѓе со 45 возила, 15 чамци, 13 дронови и три кучиња трагачи. Се пребарува површина од 110 километри.
Антонио Станиќ, раководител на жупанискиот центар 112 во Загреб, рече дека реката Сава е малку пониска од последните денови, што ја олеснува нивната потрага.
„Не можам да проценам колку ќе трае потрагата. Областа што ја опфативме е околу 110 километри од мостот Јанкомир до вливот на реката Сава“, изјави синоќа Станиќ за ХРТ.
34-годишната мајка се бранела со молчење и и е изречена мерка притвор од еден месец.
Постои основано сомнение дека 34-годишната обвинета на 15.01.2025 година во попладневните часови во Загреб извршила кривично дело тешко убиство над своето малолетно дете.