Регион
Косово го доведува во прашање кредибилитетот на ЕУ како посредник во дијалогот со Белград, пишуваат медиумите
Се чини дека властите во Брисел, барем засега, не успеваат да се справат со последиците од политичката поделба во Приштина, што уште еднаш го потврди Советот за стабилизација и асоцијација на Европската унија и Косово, пишува германски „Дојче веле“.
Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, официјално стана enfant horrible на Брисел. Поточно, така би можел да се оцени неговиот однос со шефицата на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини, вели германското радио.
Двата состанока на Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Косово, со кои претседаваше високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, на кои присуствуваше Харадинај, завршија со откажување на заедничките изјави за медиумите.
И додека европската страна секогаш наоѓа дипломатски одговор на одредена ситуација во форма на ревидирана агенда или заеднички договор, извори што присуствувале на нивните состаноци за тамошните медиуми информираат дека станувало збор за напната атмосфера, па дури и за директен вербален дуел.
Минатата година камен на сопнување беше барањето на Харадинај за поголемо учество на САД во дијалогот меѓу Белград и Приштина, што Федерика Могерини како посредник на ЕУ во дијалогот го сфати како критика на работата што ја работи, потсетуваат медиумите.
Оваа година косовскиот премиер ја критикува ЕУ за нејзиното неисполнето ветување за визна либерализација.
„Ги исполнивме сите услови и продолживме да живееме во гетото. Не е фер“, рече Харадинај.
Во исто време, Косово, на чело со Харадинај, уште еднаш го игнорира барањето на ЕУ за суспендирање тарифи од 100 проценти наметнати на стоки од Србија и Босна и Херцеговина.
Потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, и комесарите за преговори за членство и за трговија, Јоханес Хан и Сесилија Малмстром, пред состанокот на Советот на ЕУ за Косово испратија писмо до Рамуш Хардинај со барање трговските проблеми меѓу Србија и Косово да се решаваат во специфичен формат, а Приштина во знак на добра волја ги суспендира воведените тарифи за увозот од Србија и БиХ.
Овој пат барањето на Брисел остана и без компромисен одговор од Приштина, додаваат медиумите.
Од друга страна, како што пишуваат медиумите, додека Могерини во зградата на Советот на ЕУ ја откажуваше прес-конференцијата со косовскиот премиер, претставници на Србија, кои, како што пишуваат медиумите, и самите не можеле да се изначудат на идејата дека не се сите против нив, во Европската комисија потпишаа нов пакет на претпристапна помош од ЕУ.
Српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ, рече дека Белград и понатаму се фокусира на сопствениот развој, соработка, почит, принципи и благосостојба на своите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Јотова го назначи Ѓуров за технички премиер: Бугарија влегува во процес на формирање привремена влада
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ќе го задолжи кандидатот за вршител на должноста премиер Андреј Ѓуров да формира влада, соопшти прес-службата на шефот на државата.
Шефицата на државата го назначи заменик-гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ) Андреј Ѓуров за вршител на должноста премиер. Денес во 10:00 часот, претседателката Јотова ќе го прими Ѓуров во Дондуков 2.
Според Законот на БНБ, доколку гувернерот или заменик-гувернерот изразиле експлицитна согласност да бидат назначени за вршител на должноста премиер, тој или таа треба да поднесе оставка.
„Фер избори може да се одржат кога привремената влада не се меша во политичката сцена, е доволно неутрална и работи само во рамките на овластувањата што ѝ се доделени со Уставот“, рече Андреј Ѓуров по разговорот со Илијана Јотова во јануари, пренесува „Офњуз.бг“.
Според Уставот на Бугарија, по консултации со пратеничките групи и по предлог на кандидатот за привремен премиер, претседателот назначува привремена влада и закажува избори во рок од два месеци.
Минатата недела, претседателката изјави дека таа и нејзиниот тим ќе сторат сè што е можно за да се одржат изборите на првиот датум по велигденските празници. Првата недела по Велигден е 19 април.
Регион
(Видео) Тепачка во турскиот парламент додека новиот министер за правда полагаше заклетва
Во турскиот парламент изби тепачка меѓу пратениците на владејачката АКП и опозициската ЦХП за време на полагањето заклетва на новиот министер за правда Акин Гурлек.
Инцидентот настанал кога опозициски пратеници се обиделе да го спречат Гурлек да се заколне, по што дошло до туркање и физичка пресметка. Седницата била прекината околу 15 минути.
Гурлек на крајот ја положил заклетвата, додека опозицијата фрлала копии од Уставот кон претседателот на парламентот.
ЦХП оцени дека неговото назначување е удар врз демократијата, додека АКП тврди дека постапката е во согласност со Уставот.
Регион
Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер
Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак во најмладата земја во Европа.
Новата влада на Курти беше потврдена со 66 гласови „за“ во парламентот со 120 места. Неговата партија „Ветевендосје“ (Самоопределување) освои 57 места на декемвриските избори, а тој успеа да добие поддршка од неколку мали партии на етничките малцинства.
Новата влада се соочува со итни задачи за одобрување на буџетот за 2026 година и обезбедување меѓународни заеми и пакети за помош во вредност од стотици милиони евра, пишува Ројтерс.
„Во следните четири години, ќе ги зајакнеме сојузите и ќе инвестираме една милијарда евра во одбрана“, им рече Курти на пратениците пред гласањето.
„Ќе ставиме во употреба фабрика за муниција, ќе ја развиеме воената индустрија на Косово и ќе произведуваме домашни борбени беспилотни летала.“
Земјата со 1,6 милиони луѓе одржа предвремени избори во декември 2025 година по неубедливите резултати во февруари.
Курти кратко беше премиер во 2020 година, сè додека не беше изгласан за разрешување од функцијата. Потоа беше премиер од 2021 до 2025 година, а изминатата година ја помина водејќи привремена влада.
Косовскиот парламент сега мора да избере и нов претседател до 5 март, процес што ќе се покаже како предизвикувачки бидејќи бара двотретинско мнозинство. Без таква поддршка, на Курти ќе му биде потребна поддршката од опозицијата или ќе се соочи со уште едни предвремени избори, објави Ројтерс.

