Регион
Косово тврди дека нивното знаме не било отстрането во Истанбул поради Вучиќ

Шефот на Кабинетот на министерот за надворешни работи на Косово, Јетљир Зуберај, ја демантираше изјавата на српскиот претседател, Александар Вучиќ, дека за време на состанок во Истанбул на церемонијата на отворањето на новиот аеродром, по негово барање било тргнато знамето на Косово.
Како одговор на новинарско прашање на порталот „Коха.нет“, Зуберај го нарече Вучиќ криминален клеветник.
„Знамето на Косово беше тука, а на делегацијата на Косово ѝ беше укажана чест на највисоко протоколарно ниво“, рече Зуберај.
Вучиќ претходно изјави дека во Истанбул ги видел претставниците на привремената влада во Приштина, Хашим Тачи и Беџет Пацоли.
„Стоев оддалечен од нив околу седум метри. Побарав да се тргне знамето на Косово и тоа беше направено“, рече Вучиќ и додаде дека не разговарал со нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.