Регион
Маж продал девојче за детски брак па бил уапсен, морничав и се почест случај во Црна Гора

Полициската управа во Црна Гора соопшти дека припадниците на Регионалниот центар за безбедност „Центар“ – Одделот за обезбедување Подгорица, постапувајќи по сознанијата што им ги соопшти Центарот за ромски иницијативи Никшиќ, поднеле кривична пријава против Ф.Е. (42) поради сомнение дека сторил кривично дело трговија со луѓе на штета на 13-годишно девојче.
– Се сомничи дека на 16 јули со злоупотреба на доверба и зависност го регрутирал засегнатото девојче со цел да склучи незаконски детски брак, при што се стекнал со противправна корист од 10.000 евра – соопшти полицијата.
Трговијата со луѓе, односно продажбата на девојчиња со цел брак, за жал не е ретка појава во Црна Гора.
Со години се регистрирани случаи на продавање на девојчиња за различни суми на пари, најчесто од роднини. Поради ова неколку лица завршија на суд.
Вишото државно обвинителство во Подгорица пред две години го потврди обвинението против маж кој живее во Подгорица кој ги продал своите три ќерки.
Во некои случаи, девојките се продаваат во странство за брак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин
Регион
Улиците во Белград оштетени за време на воената парада

Јавното комунално претпријатие Белград (ЈКП) доби наредба денес да излезе на терен и да започне со поправка на патиштата оштетени за време на воената парада „Силата на единството“ во саботата во српскиот главен град.
Членови на кабинетот на српскиот министер за одбрана и Секторот за инфраструктура и стандардни услуги вчера ја посетија рутата на парадата со претставници на Град Белград, Јавното комунално претпријатие Путеви Београда и ЈКП Белград за да ја утврдат штетата предизвикана за време на подготовките и одржувањето на парадата.
На жителите на Белград претходно им беше ветено дека сè ќе биде вратено во првобитната состојба, објавува Нова.рс.
Во саботата во Белград се одржа воена парада насловена како „Силата на единството“, на која учествуваа околу 10.000 војници. На парадата присуствуваа претставници на српскиот државен врв, предводени од претседателот Александар Вучиќ.
фото: принтскрин