Регион
Мајсторот правел свадба – речиси 700 луѓе останале два дена без вода

Жителите на две села кај Бујановац, Србија, два дена останале без вода затоа што мајсторот од градскиот водовод се женел. До дефект на пумпата дошло додека траела свадбата, а од водоводот на Бујановац не испратиле друг мајстор.
„Прва ТВ“ објави дека без вода останале околу 700 жители на Српска Куќа и Карадник. Тие го повикале надлежното комунално претпријатие, но мајстор не дошол. Имал слободни денови, па чекале два дена.
„Слушнавме дека мајсторот правел свадба, па немало кој да ни ја поврзе струјата на пумпата. Дури по два дена дојдоа од Бујановац и конечно ни пуштија вода“, рекол еден од жителите на Српска Куќа.
Јавното претпријатие „Комуналец“ во Бујановац, кое е задолжено за водоснабдувањето, има повеќе од 200 вработени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.