Регион
Меркел: Тука сме да помогнеме
Германската канцеларка Ангела Меркел и српскиот претседател Александар Вучиќ се обратија на заедничка прес-конференција од Берлин, пред состанокот што ќе го одржат зад затворени врати.
Меркел нагласи дека со Вучиќ ќе разговараат за важноста на дијалогот помеѓу Србија и Косово под покровителство на Европската Унија, но и евроинтеграциите. Истовремено, како што истакна, во овие процеси исклучително е важна блиската соработка и разговорите, а во таа пригода рече и дека Србија презела охрабрувачки реформи, за што ја пофали српската премиерка Ана Брнабиќ.
„Тука сме да помогнеме да се пронајде решение, колку и да изгледа тоа тешко“, рече германската канцеларка.
Откако ѝ заблагодари на Меркел за нејзината лична заинтересираност за Балканот и Србија, Вучиќ истакна дека, што се однесува до билатералните односи, Србија и Германија одат со крупни чекори напред.
„Германија и Србија имаат секоја година сè поголема трговска размена. Германија е најзначајната земја за ЕУ и за нас“, рече Вучиќ.
Според неговите зборови, Србија е исправена пред тешки и болни чекори на патот кон членството во ЕУ.
„Дали ќе станеме членки во 2025 година или не, тоа во најголема мерка зависи од нас. Од нас зависи дали ќе бидеме во состојба да ги спроведеме реформите, но и од некои други фактори во регионот“, рече Вучиќ. На тој пат, како што истакна, Србија е посветена на мир и стабилност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

