Регион
Мерките во Бугарија даваат резултати, се намалува бројот на новозаразени

Мерките против пандемијата што се во сила во Бугарија дадоа резултати, а во моментот нема региони што се наоѓаат во црвената зона, рече кризниот штаб на состанокот, на кој присуствуваа премиерот Бојко Борисов и членовите на Националната работна група за вакцинација.
Со мерките е постигнато она кон кое целиме, а тоа е да се намали бројот на новозаболени и починати од Ковид-19, посочи Борисов и додаде дека се зголемува и бројот на излекувани пациенти, пренесува БТА.
Министерот за здравство, Костадин Ангелов, рече дека стапката на смртност од последици на инфекција со коронавирус исто така постојано се намалува, како и дека се намалува зафатеноста на болниците наменети за лекување на ковид-пациенти.
Националната работна група за вакцинација наведува дека сè е подготвено за вакцинација против Ковид-19.
„Секој што прима вакцина, ќе добие сертификат што ќе може да го користи за време на патување или за други цели“, наведуваат тие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.
Регион
Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.
Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.