Регион
Мицотакис: Нашиот став за Косово не се менува

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис изјави дека нивниот став во однос на Косово не е променет и дека Грција со загриженост ги следи настаните.
„Нашиот став во однос на Косово останува непроменет, сметаме дека европското посредување и дијалог се единствениот начин за нормализирање на односите меѓу двете страни и тоа значително би помогнало за стабилноста во регионот, што е цел на сите нас. Со загриженост ги следиме настаните од последните месеци“, рече Мицотакис на прес-конференцијата по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Мицотакис додаде дека неговата земја е веројатно најстабилна во поддршката на Србија на патот кон членството во Европската унија и дека е сигурен оти Белград ќе ги искористи позитивните околности во пристапната процедура.
– Иднината на Србија и Западен Балкан е во ЕУ, а ЕУ не може без Западен Балкан и Србија – нагласи грчкиот премиер.
Вучиќ изјави дека на денешната средба во Белград на Мицотакис му пренел дека Србија е цврсто посветена на забрзување на европскиот пат и дека тоа не е само формална реченица изречена од политичарите, туку прашање од суштинско значење за земјата.
– Но и во Европа треба да разберат дека очекуваме јасни сигнали дека нè сакаат – посочи Вучиќ во своето обраќање пред новинарите и додаде дека се разговарало за сите аспекти на односите меѓу двете земји.
Вучиќ истакна дека Грција е еден од значајните, важни и искрени поддржувачи на Србија на нејзиниот европски пат, а двете земји негуваат добри, пријателски и братски односи.
Вучиќ рече дека Србија и Грција секогаш меѓусебно се поддржувале во однос на територијалниот интегритет и оти верува дека тоа ќе биде така и во иднина.
Грција е една од земјите кои не ja признаваат независноста на Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бугарија, десничарите против воведувањето на еврото

Приврзаниците на крајната десница денеска се судрија со полицијата за време на протестот за поддршка на бугарската валута лев и против воведувањето на еврото, јавува Анадолија.
Протестот се одржа пред Бугарската народна банка (БНБ) и пред претставништвото на Европската комисија во Софија.
Демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на претставништвото на Европската унија, користејќи црвена боја, петарди и молотови коктели. Околу 10 полицајци се повредени, а шест лица се уапсени.
Демонстрантите потоа ја запалија вратата од зградата на претставништвото на Европската комисија во Бугарија, јави репортерот на БГНЕС.
Бугарските парламентарци минатата година усвоија нацрт-закон за преминување на еврото како национална валута од почетокот на 2025 година. Сепак, влезот во еврозоната беше одложен поради високата инфлација и други економски фактори.
Предлог-законот ги регулира принципите, рамката и процедурите за воведување на еврото во Бугарија и ги утврдува правилата и преоден период за да им се даде време на граѓаните да се прилагодат на новата валута.
Регион
Возач во БиХ наполнил гориво и побегнал без да плати

На бензинска пумпа во БИХ, непознато лице наполнило гориво и си заминало без да плати.
Покрената е истрага за кражба на гориво, веднаш реагирала полицијата, пишуваат тамошните медиуми.
Инцидентот го пријавил во полиција, вработен на бензинската пумпа.
По пријавата патролата веднаш излегла на терен и започнала истрага.
Регион
Вучиќ: Србија e една од најбезбедните земји во Европа

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Белград и Србија се меѓу најбезбедните градови или земји во Европа.
„Значи, државата и државните институции, и покрај валканата пропаганда на секојдневно ширење на несигурност, страв и се, си ја вршат својата работа на најчист можен начин и се погрижија денес и Белград како град и Србија како држава да бидат една од најбезбедните земји во Европа. Една од трите или четирите најбезбедни земји во Европа“, рече Вучиќ.
Тој наведе дека во 2001 година имало 3.140 разбојништва, а лани 496, дека во 2001 година имало 215 убиства, а во 2024 година 50 убиства и дека бројот на силувања е 3,4 пати помал од тогаш. Вучиќ додаде дека бројот на убиства постојано се намалува.
„Тоа значи дека воспоставивме добра соработка меѓу разузнавачко-безбедносниот сектор во целина и обезбедивме дa сме една од најбезбедните земји во Европа. Ова се добри резултати“, изјави Вучиќ.