Регион
Могерини: Косово итно да ја укине одлуката за царината на српската стока

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, ја повика косовската Влада итно да ја укине одлуката за зголемување на царината за стоката од Србија и Босна и Херцеговина за 100 отсто, објавија српските медиуми.
Косовската влада денеска одлучи да ги зголеми тарифите во висина од 100 проценти. „Србија продолжува со својата агресивна кампања против Косово на меѓународната сцена. Тоа го поткопува процесот на нормализација“, напиша заменик-премиерот на Косово, Енвер Хоџај, на „Твитер“ и додаде дека тарифите се зголемени со цел Косово да ги одбрани своите витални интереси.
Ковоскиот премиер, Рамуш Харадинај, изјави дека одлуката стапува веднаш на сила.
ЕУ уште на 6 ноември побара од косовските власти итно да ја објаснат тогашната одлука за зголемување на таксата на увозот на стока од Србија и БиХ на 10 отсто. Брисел оцени дека таквата одлука не е во согласност со принципите на Договорот за стабилизација и приклучување на Косово во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.