Регион
Можно е да постои и хрватски сој на коронавирусот

Шефот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Цепак, вели дека не ја исклучува можноста за постоење хрватски вид на коронавирусот.
Тој на денешната прес-конференција рече дека има 11 потврдени случаи на британскиот сој во Хрватска, но дека постојат сомнежи оти во земјата има и други нови варијанти на Ковид-19.
„Она што е ново е дека ХЗЈЗ воведе скрининг-тест за нови варијанти и вчера тестиравме 17 примероци, од кои имаме 10 суспектни на нова варијанта, а сите примероци ги испративме на Инфективната клиника за потврда. Набргу ќе имаме потврда дали и во овие случаи се работи за британски сој или не“, рече Цепак, а пренесува „Индекс.хр“.
„Лицето кај кое е пронајден новиот вид е тестирано во нашата земја. Тоа е можна мутација што можеби припаѓа на други видови. Не знаеме точно кои, но никако не верувам дека тоа е бразилски сој, можеби е хрватската варијанта“, објасни Цепак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.