Регион
Морничава снимка од убиството на хрватскиот фудбалер, убиецот стои над младиот човек

Целиот Балкан го потресе убиството на младиот фудбалер на 22-годишна возраст, чии иницијали се А. Р., а сега е објавено и дел од видеото од убиството.
Тој беше избоден на популарното шеталиште во Сплит од двајца мажи, кои набргу потоа беа уапсени.
На социјалните мрежи се појави видео од тој момент, кое не беше објавено во целост.
Портпаролката на сплитската полиција, Жељка Радошевиќ, изјави дека две лица се уапсени веднаш откога биле информирани за инцидентот.
Полицијата претходно извести дека 22-годишен маж им подлегнал на повредите во сплитската болница по напад во кој маж го пробол со нож во пределот на градниот кош. Таа додаде дека во службените простории биле донесени неколку лица, од кои двајца се уапсени во врска со убиството.
Во болницата пријавиле дека во итната медицинска помош без витални знаци бил донесен 22-годишен маж со тешка убодна рана во пределот на десниот граден кош. Веднаш почнале со реанимација, но безуспешно, а по 45 минути го прогласиле исходот фатален.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.