Регион
Несогласувања за изборот на косовскиот претседател за преговарач на средбите со Србија

Се уште не е познат главниот преговарач за дијалогот со Србија и покрај тоа што в понеделник Собранието треба да ја усвои Платформата, која веќе е усвоена од Владата, пишува косовскиот весник „Зери“.
Приштинаските медиуми пренесуваат дека има бројни несогласувања на некои партии за платформата, но и дали претседателот на Косово, Хашим Тачи треба да биде носител на преговорите.
„И покрај фактот што со платформата се претспоставува дека главен преговарач треба да биде претседателот на Косово, сепак партиите кои се против делови на платформата, се и против одредување на претседателот на државата за главен преговарач“ пишува „Зери“.
Против одлуката, Тачи да биде преговарач со Србија, се Движењето „Самоопределување“ и Социјалдемократската партија.
Со оглед дека станува збор за финална платформа која е многу битна за Косово во преговорите, опозицијата бара проширување на платформата а со тоа и нов начин на избор на главен преговарач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.