Регион
Од Македонија во Хрватска пристигна конвој со 105 хрватски државјани

Министерството за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска (МВЕП), во соработка со хрватската амбасада во Скопје, организираше враќање на 105 хрватски државјани од Северна Македонија, објави хрватското Министерство.
Ова е петто враќање на хрватските граѓани од нашата земја.
„Во Хрватска пристигна конвој од 36 возила со вкупно 105 хрватски државјани“, соопшти МВЕП.
Од почетокот на пандемиската криза до денес, хрватската амбасада во Скопје организираше репатријација за вкупно 238 хрватски државјани, кои изразија интерес да се вратат во Хрватска, се додава во соопштението.
„Бидејќи скопскиот аеродром беше затворен за сообраќај, враќањето на хрватските државјани од Северна Македонија се одвиваше по пат низ територијата на Република Србија, со помош на хрватската амбасада во Белград“, се вели во соопштението.
Исто така е разјаснето дека организацијата на таквата репатријација е дополнително комплицирана со фактот дека границите на Република Србија се затворени, поради што е неопходно да се добијат разни дозволи за транзит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес.
Тие беа пренесени во Варна со воениот авион Спартан, кој првично слета во Софија, каде што пет пациенти беа сместени во болницата Пирогов.
Бугарија се обврза на лекување на 14 повредени во пожарот во Кочани.
Во пожарот што избувна во дискотека во Кочани животот го загубија 59 лица.
Регион
Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA C-295 на српската армија, кои ќе бидат згрижени во Воената медицинска академија и во Клиничкиот центар на Србија, јави Танјуг.
Претходно, авион со четворица лекари и четворица медицински техничари полета за Македонија за медицинска евакуација на повредените во несреќата. Двајца пациенти кои претходно биле пренесени од Македонија со воени амбулантни возила се на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш. За да им се пружи помош на повредените, планирано е двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог) и еден медицински техничар – инструмент-оператор да останат во Македонија, пренесе српски Телеграф.
Најмалку 59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Регион
Новак Ѓоковиќ го објави македонското знаме со црна панделка

По големата трагедија се случи во Кочани, Македонија, каде што најмалку 59 лица го загубија животот по пожар во дискотека се огласи и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Тој на социјалните мрежи го објави знамето на Македонија со црна позадина, испраќајќи поддршка до семејствата на загинатите и повредените.