Контакт

Регион

(Од минута на минута) Властите стравуваат дека бројот на жртви во Атина ќе надмине 100

Објавено пред

пожар, Грција, Атина

Градските власти на Атина стравуваат дека бројот на жртви во пожарите ќе се искачи над 100. Противпожарната служба соопшти дека прима стотици повици со пријави за исчезнати лица, па со тоа бројот на лица по кои се трага не може да се прецизира.

dobivaj vesti na viber

Според последните податоци на Пожарната служба, во пожарот во Атина загинале 74 лица, а 164 се повредени. Жртвите, меѓу кои има и деца, сè уште не се идентификувани.

Според тамошните медиуми, ваква огнена стихија не се памети изминативе десет години.

Шумските пожари избувнаа во западниот и источниот крај на Атина по високите температури, кои беа над 40 Целзиусови степени, и силниот ветер. Пожарникарите соопштија дека имало и над 150 повредени, некои од нив потешко и оти може бројот на жртвите да биде поголем. Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја прекина посетата на Босна и Херцеговина и се врати во земјата, при што побара помош од Европската Унија и војската.

19.30 ч. Македонија ќе испрати 100 000 евра помош за Грција

Како приоритетни мерки, Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука да испрати финансиска помош во висина од шест милиони денари до Владата на Република Грција за справување со катастрофалните пожари што овие денови ја зафатија пошироката околина на главниот град Атина, соопштија од Владата.

Дополнително, Владата донесе одлука да формира координативно тело кое на дневно ниво ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош, што ќе се договори како потреба со надлежните институции во Грција и со градот Атина.

19.05 ч – Грчките медиуми објавија дека се пронајдени уште две тела

17.15 ч – Грчкиот Црвен крст отвори сметка за поддршка на жртвите

Грчкиот Црвен крст отвори банкарска сметка на која луѓето и фирмите може да донираат средства за помош на лицата погодени од пожарот

17 ч – Одморалиштето Мати, ден по смртоносните пожари

16 ч – Застрашувачки видеа од пожарите во Атина снимени од авион

Колку е голем размерот и силата на смртоносните пожари што ја зафатија Атина и околината покажуваат видеата направени од авион и од хеликоптер кои се објавени на социјалните мрежи.

15.10 ч – Итна солидарна помош на Град Скопје за Атина

Градоначалникот Шилегов денеска телефонски разговараше со градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, и му изрази длабоко сочувство за загинатите граѓани во стихијниот пожар што ја зафати околината на Атина.

Градот Скопје ќе ѝ испрати милион денари помош на Атина за настраданите во пожарите. Ова е прва итна мерка на Градот Скопје и тој останува отворен за каква било помош доколку дополнително се побара.

15:29 – Помош и од Меркел

Германската канцеларка, Ангела Меркел, понуди денеска помош за Грција во борбата против пожарите што избувнаа во близина на Атина, јавија германските медиуми.

Во телеграмата со сочувство упатено до грчкиот премиер, Алексис Ципрас, Меркел наведе дека Германија цврсто стои покрај грчките пријатели.

13.49 ч – Путин понуди помош 

Рускиот претседател, Владимир Путин, изрази сочувство до грчките власти во врска со смртоносните пожари во земјата и им понуди помош за санирање на последиците, соопшти Кремљ.

13.20 ч – Тридневна жалост во Грција

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, прогласи тридневна жалост во Грција.

13.00 ч – Грчки доктор тврди дека луѓето во Мати загинале за само еден час

„Сè се случило за само еден час, дури и помалку. Дувал силен ветер и луѓето не можеле да реагираат. Тие се обиделе да побегнат кон морето. Во текот на целата ноќ жителите се обидувале да се спасат, качувајќи се во чамци. Се плашам дека бројот на жртви може да биде двојно поголем. Сè уште се трага по исчезнатите“, вели лекарот.

 

12.30 ч – Војската ги зајакнува патролите

Грчкиот совет за одбрана испрати специјално обучени членови на вооружените сили и на Националната гарда во помош на патролите за цивилна заштита за спречување на пожарите, пишува грчкиот портал „Катимерини“.

Министерот за одбрана, Панос Каменос, свика седница на Советот, откако ја надлета и од воздух ја виде состојбата во областа зафатена од пожарите. Советот одлучил грчките и сојузните дронови и летала да ѝ помогнат на цивилната одбрана во собирање податоци за состојбата од различни делови на земјата коишто се под ризик од пожари или од намерно подметнување огнови. Мерките се воведуваат по шпекулациите дека пожарите во источна Атика, како и неколку пожари во регионот на Коринт се подметнати.

12.15 – Бројот на мртви над 60

Најмалку 60 лица загинаа во шумските пожари кои од вчера го зафатија регионот источно од Атина.

12.00 ч – Новинар стигна до местото каде што изгореа 26 луѓе

„Ова е најужасната сцена што некогаш сум ја видел“, сведочи грчкиот новинар Костас Коукумакас, кој е на  местото на настанот во одморалиштето Мати, каде што во вила на 25 километри североисточно од главниот град беа пронајдени 26 запалени тела.

11.10 ч – Јункер вети помош 

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, разговараше со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, и му ветил дека ЕК ќе ѝ помогне на Грција на секој можен начин. Јункер изрази и сочувство поради жртвите во пожарите во Грција.

11.04 ч – Снимка од авион

Видеоплеер

 11 ч – Тешки времиња за Атика и Грција

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, кој ја прекина посетата на Босна и Херцеговина поради големите пожари во околината на Атина, изјави дека ова е тешко време за Атика и за Грција. Според последните податоци, во пожарите настрадаа 54 лица, додека околу 150 се повредени.

10.45 ч – Нема повредени македонски државјани

Министерството за надворешни работи досега нема добиено информаци за македонски државјани кои се обратиле за помош во дипломатско-конзуларните претставништва во Грција, како засегнати од пожарите што ја зафатија Атика. Тие додаваат дека во овој момент се комуницира и со институциите од регионот на Атина, но и со засегнатите служби.

10.26 – Шпанија испрати два авиона 

Шпанската влада соопшти дека испратила два авиона во Грција за гаснење на пожарите со цел да им помогнат на грчките пожарникари. Шпанското Министерство за земјоделство соопшти дека секој од авионите може да носи по 5,5 тони вода.

9.45 ч – Пристигнува помош од Европа

Авиони за гаснење на пожарите во Грција пристигнуваат од Италија, Германија, Франција и Полска.

9.27 ч – Пронајдени 26 изгорени тела

Во една вила во одморалиштето Мати, на 25 километри североисточно од главниот град, пронајдени се 26 запалени тела. Како што пренесува грчкиот Црвен крст, се претпоставува дека станува збор за членови на едно семејство, а повеќето од нив се пронајдени прегрнати.

9.09 ч – Прогласена вонредна состојба

Грките власти прогласија вонредна состојба во околината на Атина поради силните пожари што синоќа ја зафатија земјата.

 

9.01 ч – Спасени туристи од Данска  

Спасителите пронашле група од десет туристи од Данска, кои минатата ноќ, бегајќи од огнот, со чамец отпловиле во непознат правец.

9 ч – Македонија ќе испрати два авиона за гаснење на пожарите во Грција

Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, вели дека од синоќа се во постојан контакт со центрите во Грција, каде што околината на Атина ја има зафатено огнена стихија каква што не се памети изминативе десет години.

8.52 ч – Повеќе од 300 пожарникари се борат со огнената стихија

Досега се спасени 80-ина луѓе, а во акциите за гаснење на пожарите се ангажирани над 300 пожарникари, со повеќе од 60 возила. Пожарникарите се борат да ја заштитат зоната околу летувалиште што се наоѓа североисточно од Атина.

 

 8.45 ч – Избувнале 15 пожари 

Според зборовите на портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, 15 пожари избиле во исто време на три локации околу Атина.

8.20 ч – Грција бара помош од ЕУ

Поради пожарите, грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја прекина посетата на Босна и Херцеговина. „Ќе сториме сè што е во наша моќ за да го контролираме пожарот“, изјави Ципрас.

Грција побара помош од ЕУ, а Шпанија и Кипар сами ѝ понудија помош за справување со пожарите во кои изгореа над 100 куќи и повеќе од 200 возила.

8.07 ч – Пронајдени двајца од исчезнатите туристи

Грките медиуми јавија дека десет лица, најверојатно, туристи од Данска, исчезнале кога бегајќи од огнот, влегле во чамец и се упатиле во непознат правец. Грчката крајбрежна стража почна акција за нивно пронаоѓање и спасување, при што двајца се пронајдени, а по другите се трага.

7.55 ч – Населбата Мати веќе не постои 

„Мати повеќе не постои како населба. Видов тела, изгорени автомобили. Се чувствувам среќна што сум жива“, сведочат жителите на Грција за огнената стихија што ја зафати околината на грчкиот главен град Атина.

7.40 ч – Меѓу жртвите има и бебе

Извлечени се уште четири тела од водата, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, кое, најверојатно, се задушило од чадот. Бројот на жртвите порасна на 24.

7.35 ч – Пожарот ги зафати регионите источно и западно од Атина

Пожари беснеат источно и западно од Атина поради што жителите мораа да ги напуштат своите домови.

Исто така, владата го затвори за сообраќај еден од главните автопатишта на релација Атина-Коринт, а ги запре и возовите што сообраќаат на тој дел од Атина. Еден од локалните градоначалници, Евангелос Бурнус, за „Катимерини“ сведочел дека видел како биле запалени повеќе од 100 дома и 100 автомобили.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани

Објавено пред

Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.

dobivaj vesti na viber

Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.

Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.

Фото: илустрација (Depositphotos)

Прикажи повеќе...

Регион

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Објавено пред

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.

dobivaj vesti na viber

Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.

Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.

Пејачот бил во куќата

Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.

Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.

Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.

Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија

Објавено пред

Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.

dobivaj vesti na viber

Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.

Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.

Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.

Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија3 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија4 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија6 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион6 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија7 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија7 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија8 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет10 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа11 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет11 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа12 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет12 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет12 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија13 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија1 ден

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија1 ден

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија1 ден

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија1 ден

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија1 ден

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...