Регион
Осми случај на коронавирус во Хрватска

Во Хрватска денеска е потврден осми случај на коронавирус. Новиот случај е потврден на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб, а станува збор за лице што било во контакт со заразените од Риека.
Првиот пациент со коронавирус во Хрватска е човек во педесеттите години од Риека, кој работел во фабрика во Италија. По него, се заразиле и неговата сопруга и брат ѝ. Заболено е уште едно лице, кое имало блиски контакти со нив.
Во Риека се заболени пет, а во Загреб три лица.
Во светот се регистрирани речиси 90.000 случаи, а бројот на заразени сега побргу расте надвор од Кина отколку во оваа земја, каде што се појави вирусот. Најголем број смртни случаи надвор од Кина има во Иран, каде што починале 50 луѓе, и во Италија со повеќе од 30 смртни случаи. Бројот на починати во светот достигна 3.000, од кои најголем број, повеќе од 90 отсто, се во кинеската провинција Хубеи, каде што се појави вирусот во декември минатата година.
СЗО наведува дека повеќето од заболените имаат само благи симптоми, а стапката на смртност е меѓу 2 и 5 отсто.
СЗО како споредба укажува на тоа дека смртноста од сезонски грип е околу 0,1 отсто, но дека е високозаразен и дека секоја година од него умираат околу 400.000 луѓе.
Додека бројот на заболени во Кина опаѓа, во преостанатиот дел од светот се бележи голем пораст на случаите.
Во најзагрозената држава во Европа, Италија, бројот на заболени двојно се зголеми за 48 часа на 1.694. Бројот на починати е 34.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.