Регион
Осомничениот за бруталното убиство на бугарската новинарка екстрадиран во Бугарија

Мажот осомничен за убиството и силувањето на бугарската новинарка Викторија Маринова беше екстрадиран од Германија во Бугарија, соопшти портпаролката на бугарското Министерство за правда.
„Тој беше префрлен на бугарската територија”, изјави портпаролката, објави АФП.
Авионот со кој беше екстрадиран осомничениот Северин Красимиров слета на аеродромот во Софија околу 17 часа по средно европско време.
Телото на 30-годишната новинарка беше пронајдено недалеку од реката во градскиот парк на нејзиниот роден град Русе, на север од Бугарија. Обвинителите велат дека била силувана, тепана и задавена.
Маринова работеше за телевизиска станица ТВН од Русе, која ја емитуваше нејзината емисија „Детектор”. Во нејзината последна емисија на 30 септември, таа претстави двајца новинари кои го истражуваа наводниот случај на корупција во врска со фондовите на ЕУ. Таа рече дека нејзината емисија и во иднина ќе спроведува слични истраги.
Маринова, која има седумгодишна ќерка, била вклучена и во истрага на група бугарски новинари за инфраструктурни проекти финансирани од ЕУ, под раководство на локалните власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.