Регион
Палмер: САД немаат црвени линии, но нема слепо да прифатат каков било договор меѓу Косово и Србија

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, вели дека процесот на дијалогот меѓу Косово и Србија нема црвени линии, но тоа значи дека слепо треба да прифатат каков било договор што може да се постигне на двете страни, но не ја отфрли можноста ниту за размена на територии или коригирање на границите како можна опција.
Во интервју за „Коха диторе“ високиот американски дипломат рече дека процесот треба да биде исклучително во парламентите на двете земји и дека дури и по договорот, Косово треба да остане мултиетничко.
Тој рече дека договорот треба да биде мултидимензионален, да содржи од политички и безбедносни компоненти, па сè до економски, културни и имотни прашања.
Палмер истакнува дека САД остануваат посветени во однос на државноста на Косово и дека прашањето на статусот не е предмет за да се разговара со Србија.
Тој посочи дека нема да биде доволно да се постигне договор меѓу двајцата претседатели, дека тоа се однесува и на парламентите на двете земји кои треба да бидат вклучени. Говорејќи во врска со процесот на трансформација на Косовските безбедносни сили, Палмер изјави дека за тоа постоело договор меѓу Косово и САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во Хрватска, дел од Сисак без струја

Денеска во Хрватска забележан е прилично силен земјотрес со епицентар кај Табориште, на 3 километри југоисточно од Петриње. Земјотресот бил со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот V – VI по ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба.
Земјотресот бил почувствуван во 12:52 часот. Епицентарот на земјотресот бил на 9 километри североисточно од Сисак.
Покрај струјата, во Сисак и околината може да има потешкотии и со телекомуникацискиот сообраќај.
„Во моментов има можни потешкотии при користење на фиксните услуги во вашата област. Нашите тимови веќе работат на нивно решавање“, се вели во пораката од А1.
#Earthquake (#potres) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.5 || 9 km NW of #Sisak (#Croatia) || 4 min ago (local time 12:52:51). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/YFhu4RIFB2
— EMSC (@LastQuake) February 25, 2025
„Во окружниот центар 112 Сисак досега се примениле околу 10 повици од граѓани за земјотресот, од кои две се за помали оштетувања (пукнатини).
Регион
Санторини стравува од колапс на туристичката сезона

На еден месец од почетокот на серијата од 20.000 земјотреси, ситуацијата на Санторини не е многу подобра. Не престануваат земјотресите со среден интензитет, не е исклучена опасноста од најголемиот од шест степени според Рихтеровата скала, тимови од сеизмолози и геолози ги следат промените во структурата на островот и морското дно каде „спијат“ вулканите.
Што понатаму, се прашуваат неколкуте што останаа по егзодусот на 12.000 жители кои во паника го напуштија Санторини првите денови. Признаваат замор, исцрпеност од непроспиените ноќи и денови, страв од очекување на најголемиот земјотрес, вознемиреност поради збунетоста на експертите кои и самите се во недоумица за зачестеноста и бројот на земјотреси, феномен со кој никогаш во пракса не се сретнале – а самите талкаат со понудените теории.
Загрижени се и за туристичката сезона која требаше да започне во март, но која е се понеизвесна. Првиот удар е откажувањето на приклучувањето на бродовите за крстарење, кои избраа други пристаништа поради ситуацијата на островот. Досега имало три брода за крстарење, но тешко дека нешто ќе се промени до Велигден, кој е голем празник за Санторини. До јуни, 170 бродови за крстарење беа планирани да се закотват и над 800 во текот на целата сезона, што отсекогаш бил најголемиот извор на приход на островот, бидејќи вклучува најмалку 1,5 милиони гости кои ќе се симнат накратко во текот на сезоната. Дополнително ја влошува состојбата и фактот што поради лизгање на земјиштето е блокиран пристапот кај пристаништето Антинис и што е прекината жичницата која е главното превозно средство од пристаништето до Фира.
Во моментов се повеќе агенции „замрзнуваат“ нови резервации, а во исто време се зголемува бројот на откажувања за периодот околу Велигден. Интересот од тур-операторите е значително намален, особено за резервации од САД, кој е еден од најважните пазари за островот.
На островот има 17.000 хотелски кревети и уште 40.000 во приватно сместување, со работна сила од околу 70.000 луѓе, што сега е под знак прашалник. Само угостителскиот сектор кој опфаќа 712 кафулиња и ресторани има потреба од илјадници работници, а како што стојат работите оваа сезона ќе има недостиг од работна сила. Засега нема луѓе кои изразиле желба да се вратат и да работат во Санторини во текот на летото.
Регион
Брнабиќ: Оставката на Вучевиќ ќе биде констатирана на крајот од претстојната седница

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека оставката на премиерот Милош Вучевиќ ќе биде последната точка на дневниот ред на претстојната редовна седница на Народното собрание.
Брнабиќ претходно изјави дека седницата за разгледување на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за високо образование ќе започне на 4 март.
Таа на прес-конференција во српското Собрание рече дека оставката на Вучевиќ ќе биде последната точка, бидејќи некој треба да ги брани предложените закони.
Брнабиќ изјави и дека на продолжениот ректорски колегиум и на експертската работна група двапати им понудила писмо во кое ги замолила да дојдат и да расправаат за измените на Законот за високо образование во парламентот бидејќи тоа можело да го предложи парламентот и тогаш владата немало да биде таму за да го образложи законот.