Регион
Патник од Чикаго починал на белградскиот аеродром додека го чекал багажот
Еден патник почина утрово на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ додека чекал да си го земе багажот.
Како што беше објавено на социјалните мрежи, на лицето наеднаш му се слошило стоејќи пред делот за земање багаж на аеродромот.
Лекарите се обиделе да му помогнат, но не успеале да го спасат.
Според неофицијални информации, семејството на лицето од Чикаго го чекало на аеродромот, пренесуваат српските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пилот пријавил дека во авионот има бомба: принудно слетал на аеродромот во Подгорица
Капетанот на „ЛОТполиш“ пријавил во полиција во Подгорица дека во авионот на таа компанија има бомба.
На терен е и полицијата, како и полициската антидиверзантска заштита, пренесуваат медиумите во соседството.
Од аеродромот официјално беше соопштено дека нешто пред 17 часот на аеродромот во Подгорица започнала вонредна инспекција на авионот на националната полска авиокомпанија „ЛОТ Полиш ерлајнс“, пишува „Вијести“.
Од таму изјавиле дека авионот бил изолиран и далеку од патничкиот терминал.
Сите други патници се безбедни, а останатите операции засега се одвиваат непречено. Контролата се врши според пропишаните процедури во синхронизирана акција на Полициската управа, аеродромот и другите служби“, се вели во соопштението.
Авионот од Варшава (LO585) летал над Црна Гора, но капетанот по дојавата на Контролата на летање кажал дека мора да слета на пистата на аеродромот во Подгорица.
Полскиот авион слетал во 16:34 часот и во тек е антидиверзантска проверка, стои во написите на медимите.
Регион
Вархеји: Добра средба со Вучиќ за спроведување на следните чекори, планот за раст во полн ек
Европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека имал добра средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел за да ги подготви следните чекори во време кога се започнуваат „амбициозните реформи засновани на реформската агенда на Србија“.
Вархеји на социјалната мрежа Х оцени дека новиот План за раст на Западен Балкан вреден шест милијарди евра е во полн ек.
„На маргините на состанокот на лидерите од Западен Балкан, имав добар состанок со претседателот Александар Вучиќ за да ги подготвам следните чекори додека започнуваме амбициозни реформи врз основа на реформската агенда на Србија. Новиот план за раст од 6 милијарди евра е веќе во полн ек. Повеќе реформи, повеќе поддршка!“, рече Вархеји.
Регион
Експлозија во Нови Сад: едно лице повредено
Едно лице е повредено денеска кога се случила експлозија во Нови Сад.
Дошло до експлозија на плинска боца.
Повредениот веднаш бил пренесен на Ургентниот центар, но за сега не се знае за сериозноста на повредите. Истрагата е во тек, а по задолжителниот увид, се очекува на самото место да излезат екипи на компанијата „Нови Сад гас“.