Регион
Пожар на Крит: Грчките пожарникари се борат со огнените стихии

Пожарот што избувна во реонот меѓу селата Орне и Криа Вриси во општина Агиос Василиос денеска го гаснат 110 пожарникари од пет бригади со 33 возила, јавува грчкиот весник „Катимерини“.
Нивната воздушна работа е поддржана од пет хеликоптери.
Од жителите од седум села веќе е побарано превентивно да ги евакуираат своите домови, иако во пожарот не изгореа куќи.
На жителите на Мелабес им било кажано да се евакуираат во правец на Неа Крија Вриси, додека пожарот кај селата Орне и Крија Вриси бил надвор од контрола поради исклучително силните ветрови, изјави вчера локалниот функционер Јанис Татаракис.
Силен ветер го попречува гаснењето на пожарот, а денеска според информации од Противпожарната служба нешто пред 10 часот состојбата била подобра, вели Катимерини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Нови Сад избира градоначалник: најавен е протест, огромен број полициски сили го обезбедуваат градското собрание

Голем број полицајци утринава пристигнаа во градското собрание на Нови Сад каде денеска се одржува седница за избор на нов градоначалник. По тој повод се очекува протест организиран од новосадската опозиција, јавува Нова.рс.
Како што е објавено на официјалната веб-страница на новосадското Собрание, денешната седница започнува во 10 часот. И уште во 6 часот и 30 минути утринава полициски службеници почнаа да го обезбедуваат објектот.
07.05h duga kolona policajaca ulaze #novisad pic.twitter.com/Ksu6Ppwq3b
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) February 24, 2025
Според видеата објавени на социјалните мрежи, полицајците стационирани на влезот биле целосно опремени.
Во 7 часот, според видео снимките, полициски автомобили пристигнале пред градското собрание на Нови Сад. Набргу потоа, друга група полицајци пристигна во зградата на парламентот во Нови Сад.
07.15h …nove i nove marice i stigle i ograde ispred Skupštine grada #NoviSad pic.twitter.com/ooG0Xwc3hv
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) February 24, 2025
Само 15 минути подоцна, јавува Нова.рс, пристигнале уште минибуси. Како што вчера објави порталот Нова.рс, обезбедувањето и неидентификувани лица со качулки, без обележја, вчера подигале ограда пред градското собрание.
Инаку, здружената новосадска опозиција ги повика граѓаните на протест во 9:30 часот за да го изразат своето незадоволство од обидот на СНС да избере нов градоначалник против волјата на мнозинството граѓани.
Имено, кандидатот за градоначалник на Нови Сад е советник во собранието на Нови Сад од листата на Александар Вучиќ, Жарко Миќин, објави неодамна Градското собрание.
Тој е шеф на кабинетот на премиерот Милош Вучевиќ и еден од неговите најблиски соработници.
Регион
Брнабиќ: Ќе се сретнам со Пицула, дали тоа ќе биде најубавото нешто во мојот живот – нема

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, потврди дека во Белград ќе се сретне со известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула.
„Дали тоа ќе биде најубавото нешто во мојот живот? Не. Дали би сакала да разговарам со Тонино Пицула како Ана Брнабиќ? Никогаш. Но, како претседател на Народното собрание на Република Србија, морам да разговарам со известувачот на Европскиот парламент“, изјави Брнабиќ за „Еуроњуз Србија“.
Пред четири дена Пицула го претстави нацрт-извештајот за Србија пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Документот најостро ги осудува нападите врз мирните демонстранти во земјата и неоснованите тврдења на српските власти дека земјите-членки на ЕУ биле вклучени во организирање студентски протести и покренување „обоена револуција“.
Исто така, укажува на стагнацијата на Србија во процесот на европска интеграција, нејзината неусогласеност со надворешната политика на ЕУ и проблемите во владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Брнабиќ истакна дека оценката на Пицула дека Србија постигнала ограничен или никаков севкупен напредок е „срамота“.
„Голем срам. Срам за него. И ќе видиме како ќе реагира Европскиот парламент. Ако усвои такви работи, фактички неточни работи што се во таа резолуција, тогаш ќе биде донекаде срам и за Европскиот парламент“, рече таа.
Регион
Додик: Не доаѓам на изрекување на пресудата

Претседателот на Република Српска Милорад Додик потврди дека нема да се појави на пресудата во среда по обвинението со кое се товари за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница.
Претходно се појавија шпекулации дека Додик нема да присуствува на пресудата бидејќи неговиот адвокат ја остави таа опција отворена. Сепак, сега пристигна официјална потврда. „Донесов одлука. Нема да одам и не морам. Никој не бара од мене“, рече Додик, пренесува „Кликс“.
Тој, исто така, ги повика своите поддржувачи, кои редовно доаѓаа пред Судот на БиХ за време на судењето, да не одат во Сараево во среда. Наместо тоа, тој ги покани во Бања Лука на дводневен митинг што го организира по повод овој судски случај.