Регион
„Политико“: Западот во проблеми поради обвинението против Хашим Тачи

Обвинението за воени злосторства против Хашим Тачи го става Западот во тешка позиција, пишува бриселскиот портал „Политико“ и оценува дека тоа ќе ги искомплицира напорите на ЕУ и САД да се постигне мировно решение за Косово и дека ќе се покренат прашања за соработката на Западот со Тачи.
Во обемна анализа на последиците од објавувањето на обвинението против Тачи, „Политико“ предвидува дека силните реакции што тоа ги предизвика ќе имаат далеку поголемо влијание од последиците за самиот Тачи, односно дека ќе одекне на Балканот и пошироко и ќе се протега со текот на времето, поставувајќи незгодни прашања за надворешната политика на Западот „тогаш и сега“.
Порталот посочува дека веста, за жал, се појавила во време кога Тачи бил на пат за Вашингтон, каде што требал да учествува на состанокот за новата ера на економски односи со Белград, чиј домаќин требало да биде специјалниот пратеник на американскиот претседател, Ричард Гренел.
Порталот предупредува дека обвинувањата против Тачи, сега, во голема мера ги комплицираат напорите на ЕУ и САД за постигнување конечно мировно решение меѓу двете страни во, како што наведува, нестабилното ќоше на Европа, каде што Русија, Кина, Турција и арапските земји од Персискиот Залив се натпреваруваат за влијание.
„Политико“ смета дека на специјалниот пратеник на американскиот претседател за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, сега ќе му биде потешко да ја претвори својата мисија во голема надворешнополитичка победа за неговиот шеф во изборната година во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.