Регион
Постигнат е договор за формирање на новата косовска влада
Движењето Самоопределување (ПС) и Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) во вторник ќе потпишат договор за формирање нова влада.
Станува збор за договор кој следува по шест состаноци меѓу работните групи на двете партии.
Синоќа бил одржан последниот состанок, на кој се разговарало за програмскиот дел на договорот. Најавено е дека следуваат состаноци на ниво на партиски лидери.
Засега е познато дека новата влада ќе има 12 министерства, но сè уште не се познати ресорите, ниту имињата на новите министри.
ПС на изборите на 6 октомври обезбеди 32 места во косовското Собрание, додека ДСК има 29.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјоделците во цела Грција ги засилуваат блокадите
Протестите на земјоделците низ цела Грција влегуваат во нова фаза, со најавени нови блокади на клучна инфраструктура и патишта, објавува денес весникот „Катимерини“.
Најголемите сообраќајни барикади беа поставени по централната патна мрежа, вклучувајќи делови од националниот пат Атина-Солун, автопатите Егнација, Јонија и Олимпија, како и на граничните премини Евзони и Ники кон Северна Македонија, како и Промахонас и Егзохио кон Бугарија, според написите.
Врховниот суд наложи поведување кривична постапка по службена должност против организаторите на нелегалните дејствија за време на протестот, со можност за апсење на лице место.
Во сабота, во Никеја, во близина на Лариса, ќе се одржи национален состанок на претставници на блокадите, каде што ќе се разгледаат следните чекори и усогласувањето на листата со барања.
Денес, се очекува фокусот на протестот да биде товарниот терминал на пристаништето Волос, каде што земјоделците од Тесалија планираат блокада.
На мостот Рио-Антирио, земјоделците од Аитолоакарнанија и Ахаја подготвуваат протести, вклучително и отворање на наплатни пунктови за неколку часа.
Блокадите продолжуваат на автопатот Антирио-Јанина, како и на мостовите Морнос и Евинос и на патот Амвраки.
Во регионот на Ахаја, барикади се поставени на неколку точки, вклучувајќи ги автопатите Патра-Пиргус и Патра-Коринт, поради што сообраќајот е пренасочен кон локалните патишта.
Слични блокади постојат и во Илија.
Националниот автопат Атина-Ламија е сè уште затворен на четири клучни точки, што предизвикува големи пренасочувања кон регионалните и старите патни правци во должина од неколку десетици километри.
Блокадите се зајакнуваат и во северна Евија, додека земјоделците се собираат во Халкида за да ги координираат понатамошните активности, пренесува медиумот.
Во Тесалија, протестите продолжуваат на постојните контролни пунктови на автопатот Е65, во близина на Кардика и Трикала, со секојдневно зголемување на бројот на трактори и поддршка од локалните организации.
Во областа на Солун, земјоделците остануваат на блокадата во Малгари, и покрај интервенцијата на обвинителот.
На Крит, демонстрантите трет ден по ред ја држат зградата на Децентрализираната администрација во Ираклион, каде што земјоделците од неколку области престојуваат во текот на ноќта, со најава за нови одлуки на Координативниот комитет за продолжување на протестот.
Протестите и блокадите ќе продолжат низ целата земја, додека земјоделците најавуваат понатамошно интензивирање на своите активности, пишува гореспоменатиот весник.
Главните барања на земјоделците се обештетување, намалување на трошоците за производство и поевтина нафта, како и земјоделски субвенции.
Незадоволството расте поради долгогодишното фалсификување на податоците за земјиштето и бројот на добиток со цел да се добијат европски средства, што беше посочено од европските обвинители оваа година, пренесува Танјуг.
Регион
Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму
Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи кон Европската унија (ЕУ) во исто време, велејќи дека Црна Гора, сепак, ќе „чека“ таму од 2028 година, објави Анадолија.
„Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ние ќе ве чекаме таму веќе во 2028 година и ве охрабруваме навистина да побрзате и да ги забрзате другите кандидати од регионот“, објави Спајиќ на социјалната мрежа Икс.
Saglasan sam da bi čitavom Zapadnom Balkanu EU trebalo da bude finalna odrednica.
Međutim, mi ćemo vas tamo čekati već od 2028. godine i navijamo da istinski požurite i ubrzate ostale kandidate iz okruženja. 🇲🇪🇪🇺 pic.twitter.com/ldU0x03QL9— Milojko Spajić (@MickeySpajic) December 9, 2025
Предлогот на Вучиќ за заеднички влез
Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно во вторник изјави дека најдобрата опција за ЕУ би била истовремено да ги прими сите земји од Западен Балкан како полноправни членки.
„Ако примите една, две или три од нас, што ќе правиме со останатите? Како ќе ги решиме сите отворени прашања?“, рече Вучиќ на панелот „Европска конкурентност во фрагментирана геополитичка средина“ на форумот BELTALKS во Белград.
Тој додаде дека ќе ја покрене идејата на состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста. Според него, заедничкиот влез би придонел за стабилноста на регионот и Европа.
фото: Depositphotos
Регион
Вучиќ: Нема да го менувам Уставот за да останам претседател, но би можел да станам премиер
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да го менува Уставот за да остане претседател, но ја остави отворена можноста да стане премиер, за што, вели тој, му е потребна јавна поддршка. Тој додаде и дека е уморен и би сакал некој друг да ја преземе таа работа во иднина, пишува Blic.rs.
Вучиќ на форумот „Beltalks: Економски разговори во Белград“ изјави дека почнал да размислува за своето наследство и нагласи дека промената на Уставот нема да се случи.
„Можам да бидам премиер, но за тоа ви е потребна јавна поддршка, а јас треба да ја донесам таа одлука. И не е лесно за ниту едно прашање. Како што секогаш им велам на моите соработници, не бидете оптимисти, не го потценувајте вашиот противник. Но, јас сум уморен и исцрпен, и би сакал некој друг да ја заврши таа работа во иднина“, рече Вучиќ.
Тој, исто така, се осврна на достигнувањата за време на неговата влада, нагласувајќи ја стабилната економска состојба.
фото/депозитфотос

