Регион
Прегласување на 35 избирачки места во Србија

Во Србија утрово во 7 часот почна гласањето на 35 избирачки места каде се повторуваат изборите за пратеници во српскиот парламент, како и на три избирачки места каде се повторуваат изборите за советници на Градското собрание на Белград.
На избирачките места каде се повторува гласањето за републичко собрание се запишани 19.543 гласачи.
Избирачките места се затвораат во 20:00 часот, а до затворањето е изборен молк.
Коалицијата „Србија против насилство“ претходно најави дека нема да учествува на повторените избори, бидејќи не сака да учествува во продолжувањето на „изборниот фалсификат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Со пиштол напаѓал минувачи: Драма во Љубљана

Вооружен маж денеска нападна минувачи во центарот на Љубљана. Со пиштол во рацете притрчал до случаен минувач и барал пари. Успеал да нападне две лица од заседа, пред да дојде полицијата и да го одведе.
Како што беше соопштено, станува збор за државјанин на Словенија кој и претходно бил осуден за слични кривични дела.
„Полицијата рано утринава била известена за грабеж во центарот на Љубљана. Според првичните информации, осомничениот им се заканувал на оштетените на улица и им барал пари заканувајќи им се со пиштол. Едната од жртвите му дала помала сума пари, а потоа пеш побегнал од местото на настанот“, изјави Александра Голец, претставник на полицијата.
Во нападите нема повредени. На местото на настанот биле испратени повеќе патроли, а полицијата по наведениот опис го привела осомничениот и го привела. Кај него пронашле пиштол и украдени предмети.
Регион
(Видео) Грција ја зафати невидено невреме, уништени омилените туристички места

Страшното невреме што ја зафати Грција речиси инстантно ги уништи омилените места за одмор во оваа земја. Некои од најубавите грчки острови се на удар на многу силно невреме, најтешко се погодени Миконос и Парос, а по невремето, владее хаос.
Парос вчера попладне го зафати силен дожд, кој за неверојатно краток временски период ги претвори улиците во реки. Водата носеше автомобили, влегуваше во домовите носејќи сè пред себе.
Врнеше со часови, а спасувачите многу тешко интервенираа. Припадниците на противпожарната служба добиле стотици повици за помош.
Припадниците на Секторот за вонредни ситуации биле испратени на островот со хеликоптер, кој на крајот не можел ниту да слета поради ужасните временски услови. Во меѓувреме, граѓаните добија итна СМС-порака да избегнат какво било движење бидејќи временските услови беа исклучително опасни. Во исто време беше донесена одлука во вторник да нема настава во училиштата.
Само неколку часа откако Парос беше зафатен од невремето, истата судбина го снајде и Миконос. Силен дожд, ветер и град го погодија островот создавајќи хаос. Патиштата и овде се претворија во реки што носат автомобили, контејнери и сè што се наоѓа на патот.
Во некои области нивото на водата беше високо повеќе од еден метар оставајќи многу семејства заробени во своите домови, а спасувачите не можеа да дојдат до нив.
Метеоролозите велат дека вчера на Парос наврнало колку што врне дожд за еден месец, а на Миконос наврнала количина колку за два месеца. За среќа, нема многу луѓе на островите, а се верува дека ситуацијата би била многу подраматична доколку ова се случеше за време на велигденските празници кога е пораздвижено од луѓе.
Метеорологот Јоргос Катрафилијас вели дека во тој случај и итна СМС-порака до граѓаните би била недоволна да ги заштити.
„СМС не е доволна доколку луѓето не се обучени како да реагираат и да се справуваат со вакви екстремни ситуации“, вели метеорологот.
Регион
РТС најави дека ќе ги тужи „Информер“ и „Пинк“

Радиотелевизијата на Србија (РТС) соопшти дека ќе покрене судска постапка против ТВ Пинк и ТВ Информер и одговорните лица на споменатите телевизии за неовластено емитување на емисијата „Око“.
Од РТС, продуцентот на емисијата „Око“, тврди дека има прекршување на Законот за авторско право и сродни права.
Предупредуваат дека никој од ТВ Пинк и ТВ Информер не се обратил на РТС со барање да ја емитува споменатата емисија во која гостувал српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ минатиот четврток беше гостин во спорната емисија. Тој зборуваше за политичката ситуација во Србија и светот, четиримесечните студентски протести, безбедносните импликации од потерницата на Интерпол за лидерот на босанските Срби Милорад Додик…