Регион
Обелоденета содржината на германско-францускиот предлог за решавање на односите меѓу Србија и Косово
Во јавноста излезе германско-францускиот договор, кој предвидува конечно решавање на односите меѓу Белград и Приштина. Меѓу другото, овој договор предвидува Србија и Косово да ги развиваат меѓусебните односи врз основа на еднаквост.
Порталот „Нова.рс“ добил увид во содржината на овој документ, кој се состои од вкупно девет точки, а целта му е целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
Во првиот член од договорот се наведува дека Косово и Србија ќе развиваат нормални добрососедски односи засновани на еднаквост, а вториот член предвидува дека Косово и Србија ќе се водат од заедничките аспирации за членство во ЕУ.
„Во согласност со Договорот за стабилизација и асоцијација потпишан од двете страни, Косово и Србија ќе ги решаваат сите меѓусебни спорови исклучиво со мирни средства и ќе се воздржат од закани или употреба на сила. Сега и во иднина ја потврдуваат неповредливоста на границите што постојат меѓу нив и се обврзуваат целосно да го почитуваат меѓусебниот територијален интегритет“, се вели во третиот член од договорот.
Во четвртиот член се наведува дека „Косово и Србија произлегуваат од претпоставката дека ниту една од двете страни не може да ја претставува другата во меѓународната сфера или да дејствува во нејзино име“.
Во членот пет се наведува дека Косово и Србија ќе ги промовираат мирните односи на Западен Балкан и ќе придонесат за регионалната безбедност и соработка во Европа, а членот шест дека Косово и Србија ќе дејствуваат со заемно почитување на јурисдикцијата на секоја страна.
„Косово и Србија изразуваат подготвеност да ги регулираат практичните и хуманитарните прашања во процесот на нормализирање на меѓусебните односи. Тие ќе склучат договори за развој и подобрување врз основа на овој договор и за заемна корист од соработката во областа на економијата, науката и технологијата, транспортот, правдата, поштата и телекомуникациите, здравството, културата, спортот, животната средина, заштитата и во други области. Деталите се договорени во дополнителниот протокол“, се вели во седмиот член од договорот.
Во осмиот член е предвидено Косово и Србија да разменат постојани мисии формирани во владите на овие две земји, а во деветтиот член Косово и Србија да се согласат дека овој договор нема да влијае на билатералните и на мултилатералните меѓународни договори и договори што веќе се склучени или се повикуваат на нив.
„Албанијан пост“ уште во септември ја објави наводната содржина на германско-францускиот предлог, со кој Србија де факто ќе ја признае независноста на Косово, но без вистинско формално признавање. Така, Србија не би го блокирала приемот на Косово во ОН, туку овие две земји би продолжиле да функционираат како Источна и Западна Германија, кои меѓусебно не се признаваа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Делегацијата на ЕУ во БиХ ги осуди инцидентите на концертот на Томпсон: „Покажете почит кон жртвите“
Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина ги осуди инцидентите на концертите на Марко Перковиќ Томпсон во Широки Бријег минатата недела, кога дел од публиката извикуваше усташки слогани и поздравуваше со крената десна рака.
„Фотографиите и видеата од неодамнешниот концерт во Широки Бријег ги покажуваат учесниците како извикуваат слогани и нагласуваат карактеристики поврзани со фашистички идеологии. Глорификацијата и релативизацијата на фашистичките идеологии немаат место во демократското општество и нè потсетуваат на најтемните периоди од европската историја“, се вели во соопштението, пренесува „Тпортал.хр“.
Во исто време, ЕУ ги повика сите да покажат почит кон жртвите на злосторствата извршени за време на Втората светска војна, а „надлежните органи да ги истражат инцидентите во согласност со домашното законодавство“, се вели во соопштението.
Извикувањето на усташкиот слоган „Подготвени за дом“ и поздравувањето со крената десна рака на концертите на Томпсон одржани на 13 и 14 февруари во вторник беа осудени од ОБСЕ и мисијата на Обединетите нации во Босна и Херцеговина.
Тие, исто така, ги повикаа властите во БиХ да спроведат истрага и да ги санкционираат сите оние што се однесуваат на овој начин.
Регион
(Видео) Објавени снимки од последните денови пред трагедијата поврзана со култ во Бугарија
Бугарската полиција и обвинителството денес презентираа детални информации за трагичниот случај со шест жртви во областа Петрохан – Околчица поврзани со култ.
Беше потврдена и образложена информацијата дека за мртвите мажи, пронајдени на 2 февруари кај хижата „Петрохан“, станува збор за самоубиство, а за телата пронајдени подоцна во кампер под врвот „Околчица“ – за убиство проследено со самоубиство, јави „Њуз.бг“.
На брифингот беа претставени снимки од шест камери, кои органите на прогонот ги споделија со медиумите. Станува збор за видеа од 31 јануари, 1 и 2 февруари 2026 година. Снимките се од надворешниот дел на панинарската куќа и приодот – од синџир во регионот, патот и крстосницата во близина, рампата, паркингот и задната порта на објектот.
Стана јасно дека дел од камерите снимале само при детектирано движење. На една од снимките се слушаат истрели во самата колиба, при што се гледа и пожарот во објектот. На 2 февруари веќе нема траги од луѓе и возила во периметарот на колибата.
На некои од снимките се гледа и секојдневието на ренџерите, како и пристигнувањето или заминувањето на џиповите што ги користеле. Кадрите прикажуваат и ритуал, во кој учесниците клекнуваат и се поклонуваат до земја, упатувајќи благодарности и молитви.
Регион
Вучиќ се сретна со Макрон: Разменивме мислења за улогата на Србија и Франција во новиот свет што се создава
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска, за време на посетата на Индија, се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.
„На другиот крај на светот, во Њу Делхи, со пријателот Емануел Макрон секогаш срдечно и во добро расположение, особено по исклучителната вечера што ни ја приредија љубезните домаќини“, напиша Вучиќ на Инстаграм и додаде:
„Иако немаше време за сериозни и тешки теми, искористивме неколку моменти да размениме мислења за самитот во Индија и за местото и улогата на Србија и Франција во новиот свет на чие создавање сме сведоци.“
View this post on Instagram
Во текот на денот, претседателот Вучиќ имал почесно место на вечерата во Њу Делхи што ја организирал индискиот премиер Нарендра Моди. На свечената вечера за светските лидери, Вучиќ седел покрај францускиот претседател Емануел Макрон.

