Регион
Радев и Мицотакис разговараа за европската интеграција на Западен Балкан

Бугарскиот претседател Румен Радев оствари телефонски разговор со премиерот на Република Грција, Киријакос Мицотакис, соопшти прес-службата на Радев.
Европската интеграција на земјите од Западен Балкан, билатералното партнерство меѓу Бугарија и Грција, како и соработката за надминување на последиците од епидемиската состојба во двете земји биле во фокусот на разговорот.
„Заеднички став е дека политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е вистинска инвестиција во стабилноста на регионот“, велат од Кабинетот на Радев.
Затоа, според бугарскиот шеф на државата, има потреба од непоколеблива поддршка за спроведување на неопходните реформи во земјите кандидати за исполнување на критериумите од Копенхаген за пристап во ЕУ.
„Градењето вистински добрососедски односи е најбезбеден и најбрз начин да се постигне полноправно членство во Европската Унија“, истакнал Радев.
Зголемувањето на енергетската поврзаност и постигнување вистинска диверзификација во регионот, како и забрзување на процесот на градење на интерконекторот меѓу Бугарија и Грција, исто така, биле теми на разговорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.