Регион
Рама: По одлуката на ЕУ од 18 октомври, ништо не е исто

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека очигледно Европската Унија нема ниту волја ниту капацитет во дијалогот со Белград и Приштина да биде решено косовското прашање, но и дека ЕУ често не си го одржува зборот, пренесе „Танјуг“.
Рама забележува дека ЕУ е далеку од решавање на косовското прашање.
„Интересирањето на ЕУ за ова прашање е значајно намалено и верувам дека тоа им е јасно на сите, особено по одлуката на Европската комисија од 18 октомври“, рече Рама.
Помина долго време, вели Рама, а ЕУ повеќе не го споменува случајот со Косово.
„Постојат случаи кога ЕУ не е доследна на својот збор, а случајот со Косово е еден од најважните примери што покажуваат дека на Брисел му недостига капацитет да си го одржи зборот“, истакна Рама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролени, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.
Регион
Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.
Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.