Регион
Сеизмолозите од регионот предупредуваат: Почвата ќе се тресе следните два и пол месеца

Земјотресот што утринава ја погоди Албанија, а кој силно се почувствува и во нашата земја и пошироко во регионот, е еден од најсилните забележани по оној од 1979 година, вели началничката на црногорскиот Завод за сеизмологија, Јадранка Михалевиќ, и додава дека не може да се процени дали во деновите што следуваат епицентарот би можел да биде во Црна Гора, пишува српски „Курир“.
„Генерално, не би требало… единствено ако дојде до некои поместувања по должината на Јадранот, но тоа во моментот не можеме да го процениме“, вели таа.
Според Михалевиќ, по толку силен земјотрес, серијата потреси може да трае дури и до два месеца, како и дека поинтензивните потреси, односно т.н. смирување на почвата, се очекува во следните неколку дена.
Таа посочи дека на потресот во Албанија од утринава во 3.54 часот, кој беше со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, му претходеле неколку послаби потреси.
„Земјотресот од 21 септември, кој беше со јачина од 5,8 степени по Рихтер, беше вовед во активизација на сеизмогената зона. Почвата и понатаму работи“, вели Михалевиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.