Регион
Се појави вест дека починал Ратко Младиќ, син му демантира

„Генералот Ратко Младиќ е жив! Неговата здравствена состојба е иста како и претходниот ден, ниту подобра, ниту полоша“. Вака за „Новости“ изјавил Дарко Младиќ, синот на затвореникот откако на социјалните мрежи и на некои портали во соседството се појави вест дека српскиот генерал починал во затворска болница во Холандија.
„Вчера кај него беше и сопругата Боса. Таа помина неколку часа со него во болничката соба. На генералот не му е добро, толку е слаб што не може да зборува, туку само кратко одговара со да или не. Тој спие поголемиот дел од времето. Тој има пневмонија, вода во белите дробови и слабо срце. Дарко Младиќ ни вели дека сега најважно е да си го спаси животот и да добие соодветна терапија“ – пренесуваат српските медиуми.
„Сè уште ја чекаме одлуката на судот дали може да го посетат и прегледаат српски лекари, кардиолог и пулмолог. Барањето го испративме во понеделник и секој ден се надеваме на позитивен одговор. Подготвени се веднаш“, рекол Дарко Младиќ за „Новости“.
Засега нема најави или барања од одбраната Младиќ да биде пуштен на лекување во болница во Белград.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.