Регион
„Се што слушам, слушам на телевизија, сакам да верувам дека ќе ја најдат што побрзо“: дедото на Данка за видеото од Виена на кое наводно се гледа девојчето
И по една недела од исчезнувањето на двегодишното девојче Данка Илиќ од Бањско поле кај Бор, нема поголем развој на настаните. Информациите се површни бидејќи оперативната работа на полицијата е во тек, а како што вели за Нова.рс дедото на девојчето, Милан Илиќ, нетрпеливоста го убива.
Милан на почетокот на разговорот истакнува дека нема никакви информации, ниту нови, ниту стари.
„Разберете, чекаме. Не убива нетрпеливоста, секоја секунда се надеваме дека ќе добиеме добри вести. Сè што слушам, слушам на телевизија. Милион работи и глупости, уште повеќе се разочарувам кога слушам кој гостува и што зборува за моето семејство, а ништо од тоа не е точно. Луѓето ја знаат правата вистина“, вели дедото.
Според неговите зборови, тој морал да бара забрана за новинари бидејќи постојано го малтретираат.
„Верувај ми… Не се чувствувам добро без нив“, вели Милан и истакнува дека го гледал видеото кое се појавило на интернет.
„Го видов видеото, но не знам што да кажам. Сакам да верувам дека е така и дека ќе ја најдат во најбрз можен рок, не смеам ништо да кажам бидејќи полицијата работи, им веруваме, чекам вистинските луѓе да ме контактираат, министер Гашиќ. Само нив им верувам“, заклучи Илиќ за Нова.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

