Регион
Силното невреме стаса до Ниш: Направи големи штети ширум Србијa

Силен дожд и ветар, проследени со грмотевици ја погодија Хрватска, а голем дел од територијата на Србја беше зафатен од силно невреме со поројни дождови и град.
Српските медиуми јавуваат за големи штети предизвикани од невремето, од уништени земјоделски посеви до оштетени фасади и покриви на куќи, и искршени стакла на автомобили.
На социјалните мрежи се споделува видео од невремето во село Угљарево кај Трстеник, на кое се гледа како паѓа град со големина на јајце.
Попладнево невремето во вид на пороен дожд стаса и во Ниш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Драма на небото над Хрватска: авион полета за Фанкфурт, па се врати назад за 20 минути

Авион на „Кроација ерлајнс“ кој утринава полета од Загреб за Франкфурт се врати на аеродромот „Фрањо Туѓман“ по само 20 минути лет, јавуваат патниците.
Авионот морал да се врати поради технички проблеми.
„Мала техничка неисправност. Сега седиме во авион во Загреб“, вели патникот, пренесе „Вечерњи“.
Како што се додава станува збор за авион „Даш 8“, кој е дел од националниот превозник од 2008 година, што значи дека лета веќе 17 години.
За таков модел, тоа е приближно две третини од работниот век, што во Европа е во просек 25 години.
Авионот е еден од петте вакви турбопромотори што ги има Хрватска во својата флота, 9A-CQA е најстар. Во последните седум дена имаше во просек по седум лета дневно.
Регион
Додик: Вучиќ уште еднаш потврди дека тој е изворот на стабилноста и силата на Западен Балкан

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, им се заблагодари на Србија и нејзиниот претседател за денешната поддршка и рече дека кога политиката ја засновате на принципи, вистина, право и правда, кога сакате добро за својот народ и не сакате ништо лошо за другите – тогаш сте лидер, како Александар Вучиќ.
Вучиќ потврдува дека е човек кој е извор на стабилност и сила на Западен Балкан, човек кој реално ги гледа работите и ја отвора вратата за компромиси, разбирајќи ги легитимните интереси на сите – не наметнувајќи ништо никому“, напиша Додик на платформата Икс.
Тој посочи дека Србија, изградена со несебичните напори на Вучиќ, е столб на мирот и стабилноста.
„Таква Србија е исто така симбол на економскиот напредок и развој. Моќна и силна под негово водство, таа е и силна поддршка за Република Српска“, рече Додик.
Претседателот на Република Српска истакна дека таква Србија им пречи на оние кои би сакале да го видат српскиот народ на колена, но таква слика нема да видат.
„Србија на чело со Вучиќ оди со крената глава, горда и свесна за својата историја и својата иднина. Затоа блокадите треба да престанат и Србија да се собере и да го избере Александар Вучиќ“, вели Додик и посочува:
„Ние сме им благодарни на претседателот Александар Вучиќ и на Србија за нивната поддршка, што и овојпат се одразува во јасна и принципиелна комуникација со Интерпол, во однос на обидот од Сараево да ги ограничи меѓународните контакти на врвот на Република Српска.
Тој изјави дека притисоците и злоупотребите на меѓународните институции не смеат да бидат средство за политичка борба во Босна и Херцеговина.
„Александар Вучиќ останува рационален глас на стабилноста, дијалогот и мирот во регионот. Неговата формула – дијалог, договор и почитување за сите без наметнување – е единствениот можен пат до решение и излез од кризата“, јасен е Додик.
Претпоставувам, вели претседателот на Република Српска, досега им станало јасно, а ако не – доволно ќе биде, дека никого нема да исплашат и ништо да постигнат со притисоци и уцени.
„Само околностите ќе го направат дијалогот уште покомплексен и отежнат. Затоа избираме одговорност и разум, а не уцени и авантуризам“, изјави Додик, пренесува Танјуг.
Регион
Пукање во Сплит: напаѓач влетал во банка и зел работник како заложник

„Слободна Далмација“ пренесува дека денеска нешто пред 12 часот во Сплит се случил обид за грабеж во банка спроти зградата на општинскиот суд.
Очевидци пријавиле дека разбојникот наводно го зел како заложник обезбедувачот и се обидел да побегне, но полицијата бргу пристигнала на местото на нападот и дошло до престрелка.
Млад човек загинал во вкрстен оган со полицијата, а според првите информации на тамошните медиуми, младиот човек пукал во полицајка, која возвратила по обидот да ограби банка.
Првите информации велат дека разбојникот е убиен, но сѐ уште нема официјална потврда на оваа информација од сплитската полиција.
Според написите, на местото на обидот за грабеж на банката први пристигнале две полицајки и разбојникот почнал да пука.
Тие се обиделе да го предупредат пукајќи од службените пиштоли во воздух, но тој не обрнал внимание, па пукале и го убиле.
„Го напуштив теренот и наеднаш слушнав викање и истрели. Бев страшно исплашен, не знаев што се случува, па истрчав да се скријам“, изјави еден од сведоците.
Полицијата го опколи поширокото место на злосторството, а сообраќајот во една од главните улици во центарот на Сплит беше блокиран од 12.30 часот.
Зградата на банката е оддалечена само 10 метри од општинските и окружните судови и 30-ина метри од зградата на сплитско-далматинската полиција.
Полицијата најави дека набргу ќе објави информација за настанот.
Според очевидци, разбојникот наводно зел заложник еден обезбедувач и се обидел да побегне, но полицијата пристигнала многу бргу и дошло до престрелка, пишува „Слободна Далмација“.