Контакт

Регион

Силно невреме ја зафати Грција, громовите предизвикаа нови пожари

Објавено пред

Северот на Грција денеска го зафати невреме пропратено со грмежи, а удари од гром предизвикаа нови пожари.

dobivaj vesti na viber

По силното невреме, забележани се неколку пожари во близина на градот Козани, на околу 450 километри северно од Атина, соопштија грчките власти.

На фарма недалеку од градот Флорина од гром загинаа девет крави, а неколку животни беа повредени.

Температурите во Грција денеска се нешто пониски, но во некои делови од земјата и понатаму се околу 40 Целзиусови степени.

Опасноста од пожари е сè уште висока надвор од Атина и во поголемиот дел од Грција за време на повеќедневниот топлотен бран што зафати голем дел од јужна Европа, пренесува АП.

Регион

Бора Ѓорѓевиќ ќе биде испратен со својот голем хит

Објавено пред

Ковчегот со телото на починатиот музичар Бора Ѓорѓевиќ денеска, 5 септември, во вечерните часови треба да пристигне во Чачак.

dobivaj vesti na viber

Телото ќе биде сместено во капелата на Општата болница Чачак до погребот кој е закажан за в сабота.

Комеморацијата ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура Чачак лоцирана на плоштадот Народно востание во 11 часот.

Погребот ќе се изврши во 14 часот и 30 минути.

– Знаеме дека на последниот пат ќе го испратат голем број луѓе, од неговите обожаватели до нашите најпознати музичари, неговите пријатели – изјави градоначалникот на Чачак, Милун Тодоровиќ.

Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, важна улога за време на испраќањето на Бора Чорба на Градските гробишта во Чачак ќе има хорот на гимназијата во градот, кој за време на погребот на легендарниот музичар ќе ја отпее рокенрол химната „Погледај дом свој, анѓеле“.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Пронајдени две тела во Загреб: жена убиена во зграда, маж се самоуби во автомобил

Објавено пред

Полицијата во Загреб извести дека денеска околу 15 часот пронашла тело на женско лице кое било убиено во станбена зграда во населбата Сопот во Нови Загреб, објавија хрватските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Во близина на зградата во автомобил бил пронајден маж кој извршил самоубиство.

„Денеска околу 15.00 часот во Нови Загреб, Сопот, во зграда е пронајдено тело на женско лице, а смртта, според досега утврденото, е последица на кривично дело.

Во возило во близина на местото на настанот е пронајдено тело на маж поврзан со ова злосторство, а според првичните информации тој најверојатно се самоубил.

Во тек е истрага и кривична истрага“, се вели во соопштението на хрватската полиција.

Прикажи повеќе...

Регион

ЕУ се прашува зошто Вулин толку често патува во Москва

Објавено пред

Одржувањето блиски врски со Русија не е во согласност со принципите на процесот на пристапување и можното членство во Европската Унија, а Србија треба да се воздржи од одржување и интензивирање на односите со Москва, изјави портпаролот на Комисијата за надворешна политика, Петер Стано.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека сите ги знаат принципите на процесот на пристапување и можното членство во ЕУ, а тоа секако е неодржување врски со Русија како ништо да не се случува бидејќи Русија под водство на Путин ги крши Повелбата на ОН и меѓународното право и ги напаѓа сите принципи и вредности врз кои е изградена Европската Унија“, рече Стано.

Тоа беше неговиот одговор на новинарско прашање за коментирање на вчерашната посета на Русија на српскиот премиер Александар Вулин и неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Вулин вчера во Владивосток се сретна со Путин кому му порача дека Србија не е само стратешки партнер на Русија, туку и нејзин сојузник и дека Белград никогаш нема да воведе санкции против Русија, ниту Србија ќе стане членка на НАТО.

Стано додаде дека не е сосема сигурно во чие име зборува Вулин имајќи предвид дека Србија аплицирала за членство во ЕУ, води преговори за пристап, а претседателот и другите членови на српската влада постојано потврдуваат дека членството во ЕУ е стратешка цел на Србија. .

„Очекуваме сите членови на српската влада да ги почитуваат обврските што Србија доброволно ги презеде кога станува збор за пристапување во ЕУ, што вклучува усогласување со надворешната политика на ЕУ. Уште еднаш повторувам дека одржувањето, па дури и зајакнувањето на врските со Русија, не е во согласност со вредностите на ЕУ и процесот на пристапување“, рече Стано.

Тој додаде дека ЕУ со загриженост ги забележува изјавите на Вулин и дека фактот што Вулин толку често ја посетува Москва, а ретко е поканет во ЕУ, кажува многу.

Србија е единствената земја кандидат што одбива да се усогласи со надворешната политика на ЕУ кон Русија вклучувајќи ги и санкциите воведени против Москва по инвазијата на Украина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

По несреќата во која загинаа татко и син, нареден инспекциски надзор над работите на автопатот Скопје-Куманово, издадено решение за итно запирање

По наредба на јавен обвинител, инспектор за патишта од Државниот инспекторат за транспорт изврши вонреден инспекциски надзор над градежните работи...

Македонија13 часа

Муцунски разочаран: Еден од претседателите на историските комисии дејствува политички, кадровските промени се потребни

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, сѐ уште се консултираат за кадровските промени во составот на историските комисии...

Македонија13 часа

Ваучер од 300 евра добија 1.777 работници со ниски примања, може да одат на одмор до декември

Првите десетмина работници со примања во семејството што не надминуваат 50.000 денари, денес, од министерот за економија и труд, Бесар...

Македонија14 часа

Потребна е мобилизација во ЈСП, а не кредит за набавка на автобуси што ќе стигнат в година, вели Мицкоски

Планот ‘гласајте да земеме кредит за да набавиме автобуси што ќе стигнат в година’ нема да го реши проблемот со...

Економија15 часа

Општините добиваат 250 милиони евра за проекти за развој, Мицкоски уверува дека процесот ќе биде транспарентен

Објавен е јавниот повик за аплицирање за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините,  пришто ќе бидат доделени 250 милиони...

Топ16 часа

Приведен битолчанец поради предизвикување пожар, палел оган во близина на фабрика

Вчера во 19.20 часот во с.Кременица, битолско, полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода...

Македонија17 часа

ЦУК: Вчера изгаснати 33 пожари, активни шест

Вчера на територијата на Македонија беа регистрирани 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест, под контрола е...

Свет18 часа

Идентификувани жртвите на 14-годишниот напаѓач во училиште во Џорџија

Коди Греј ќе биде обвинет за убиствата на 14-годишниот Мејсон Шермерхорн, 14-годишниот Кристијан Ангуло, Ричард Аспинвол (39) и Кристина Ирими...

Свет18 часа

И минатата година ФБИ предупреди за момчето што пукаше во училиштето во Џорџија

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) соопшти дека напаѓачот во смртоносното пукање во средата во училиште во Џорџија, Колт Греј,...

Свет18 часа

Во Киев одекнуваат експлозии и сирени: на граѓаните им порачаа да останат во засолништата

Експлозии одекнаа во Киев за време на предупредувањето за воздушен напад издадено во раните утрински часови. Укринформ пренесува дека ова...

Свет18 часа

Путин: Развојот на Далечниот Исток е приоритет на Русија за целиот 21 век

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека развојот на Далечниот исток е приоритет на Русија за целиот 21 век. „Всушност,...

Свет19 часа

Во пукање во училиште во САД 14-годишник уби двајца ученици и двајца наставници

Четири лица, меѓу кои двајца ученици и двајца наставници, се убиени, а девет лица се ранети и хоспитализирани во пукање...

Свет19 часа

Минск собори две руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Белоруските воздухопловни сили денеска соборија два руски беспилотни летала во близина на белорускиот град Гомел, јавуваат белоруските медиуми. Во исто...

Свет19 часа

Драма на летот за Грција: пијан маж се обидел да ја преземе контролата над авионот, патниците се бореле со него за да го совладаат

Патник во алкохолизирана состојба се обидел да упадне во пилотската кабина на авионот на компанијата „Изи џет“ на височина од...

Топ1 ден

20-годишник од Дебар силувал малолетничка

Вчера во 18.30 часот во Дебар, полициски службеници од криминалистичката полиција во Дебар го лишиле од слобода Е.Ф.(20) од Дебар....

Македонија2 дена

Од утре инспекторите на терен, ќе проверуваат дали училишниот прибор се продава со ограничена маржа

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, ги повика трговците веднаш да ги приспособат цените на училишниот прибор во согласност...

Македонија2 дена

(Видео) Во Македонија секој има уво и пее како славејче, рече Бора Чорба пред еден од неговите настапи во Скопје

Веста за смртта на легендарниот пејач на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, која одекна утрово, растажи голем број негови обожаватели и...

Македонија2 дена

(Видео) Наместо да ги замрзне цените, Мицкоски ги замрзна платите, рече Кузеска

„Економските политики на оваа Влада ја носат државата кон сиромаштија додека стандардотна граѓаните почнува забрзано да се влошува. Цените во...

Регион2 дена

(Видео) Ин мемориам: Бора Чорба зад себе остави голем број хитови, кои му ја одбележаа кариерата

На 72-годишна возраст денеска почина Бора Ѓорѓевиќ, познат и како Бора Чорба, оставајќи длабока трага на домашната музика. Бендот „Рибља...

Македонија2 дена

Мицкоски за измените во составот на историската комисија: Има некои идеи, ќе поминат на владина седница

Премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за да разговараат за најавените промени во...