Регион
Ризикот од тромб е многу поголем кај заболените отколку кај вакцинираните, тврди словенечки епидемиолог

Опасноста од згрутчување на крвта кај заболените од Ковид-19 е далеку поголема отколку кај вакцинираните против оваа болест, изјави во понеделникот водечкиот словенечки епидемиолог Матеја Логар, кој го предводи стручниот совет на словенечката влада.
Додека следењето на вакцинираните покажа дека ризикот од развој на згрутчување на крвта што може да предизвика венска тромбоза или белодробна емболија со вакцината на „Астразенека“ е многу мал, или еден случај на милион вакцинирани, во Словенија сериозни тромбоемболиски компликации се јавуваат кај околу една четвртина од пациентите лекувани од Ковид-19 во единиците за интензивна нега на словенечките болници, рече Логар. Таа на прес-конференција одговори на прашање во врска со недовербата создадена во јавноста во врска со вакцинацијата со вакцината на британско-шведската компанија, поради што дел од купените вакцини сè уште остануваат неискористени.
Тоа значи дека околу 40 пациенти со ковид, од вкупно 153 кои се моментално во словенечките болници, можат да сметаат на тој ризик, објасни Логар пред новинарите.
Таа смета дека од самиот почеток се направени голем број недостатоци во комуникацијата со јавноста во промовирањето на вакцината на „Астразенека“, иако е прогласена за безбедна и ефикасна од Европската агенција за лекови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.