Регион
Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок.
Рестриктивните мерки предвидуваат дека угостителските објекти и продавниците, рестораните, кафулињата, трговските центри, игротеките, обложувачниците и сите други продажни и трговски објекти ќе работат до 17 часот, а за викенд воопшто нема да работат – од петок во 17 часот до понеделник до 5 часот наутро.
Продавниците за храна ќе може да работат секој ден до 21 часот и за викенд, а вежбалниците и кината ќе работат до 17 часот секој работен ден и за време на викенд.
Мерките ќе бидат на сила две недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж застрелан во парк во Белград додека кревал тегови

Полицијата во Белград трага по напаѓачот кој синоќа во парк во Вождовац го застрела 35-годишниот Милан Ф.
35-годишникот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ВМА. Тој се здобил со прострелна рана во пределот на бутот и е надвор од животна опасност. Тој на полицијата и рекол дека бил во теретана во паркот и кревал тегови кога му пришол маж и го застрелал.
Телеграф неофицијално дознава дека полицијата на местото на настанот пронашла чаура. Инаку, 35-годишникот веќе и е познат на полицијата. Тој тврди дека не знае кој и зошто пукал во него.
За случајот е известено Вишото јавно обвинителство во Белград.
Регион
Брнабиќ: Посетата на синот на американскиот претседател е јасна порака за почитување на Србија

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека посетата на синот на американскиот претседател Доналд Трамп помладиот е силна, моќна и директна политичка порака дека тој ја почитува Србија.
Брнабиќ за телевизијата К1 изјави дека Трамп Јуниор, покажал сосема поинаков однос кон Србија, додавајќи дека таков став има и неговиот татко, американскиот претседател Доналд Трамп.
Наведувајќи дека Србија поради политичките случувања во земјата е окарактеризирана како нестабилна инвестициска средина од страна на инвеститор од Кина, а коментирајќи ја посетата на Трамп на Белград, Брнабиќ рече дека едно е политиката, а друго инвестициите.
„Едното е политиката, а другото се инвестициите, кои секогаш, а особено оние за висококвалификувани работни места, се крајно конзервативни. Инвеститорот не сака да чека да види што ќе се случи. Политички е сосема јасно, особено на политичките ветерани, дека е невозможно владата да биде соборена на улица“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека е тешко да се урне власта на улица дури и во најнестабилните земји.
„Не верувам дека некој овде ќе може насилно да ги преземе институциите и затоа беше важна таа порака во Српското народно собрание. Што ќе правите тогаш? Мислам дека на крајот имате легитимитет, некаква изборна волја на граѓаните, некаков суверенитет што го покажуваат граѓаните, но на избори. Тешко е тоа со насилство да го преземете. Но, инвеститорите се претпазливи од каква било нестабилност“, рече таа, јави Танјуг.
Регион
(Видео) Денеска излегува нов подкаст на синот на Трамп, гостин е Вучиќ

Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на американскиот претседател, го интервјуираше српскиот претседател Александар Вучиќ за неговиот подкаст.
„Ако се држите до вашите верувања, никој не може да ви наштети. Погледнете го целосното интервју во 18 часот по источно време (23 часот по средноевропско време) во подкастот Triggered. Ексклузивно на платформата Rumble“, напиша Вучиќ на Инстаграм, споделувајќи клип од интервјуто.
Синот на Трамп го посети Белград пред два дена. Тоа беше негова втора посета на Белград во последните шест месеци. Тој го посети Белград и на крајот на септември минатата година, додека неговиот татко беше среде претседателската кампања.