Регион
Србија да побрза со реформите ако сака во ЕУ до 2025, порача Европскиот парламент
За да ја задржи 2025 година како можен датум за членство во ЕУ, Србија би требало да забрза со реформите во областа на владеењето на правото и да напредува во процесот на дијалогот со Приштина, соопшти Европскиот парламент (ЕП).
ЕП оцени дека сегашното темпо на пристапните преговори не е соодветно за влез на Србија во ЕУ до 2025 година и дека земјата мора да забрза со реформите, особено со владеењето на законите.
Во соопштението на ЕП се наведува дека со Србија биле одржани средби на кои детаљно се разговарало за спроведувањето на Спогодбата за стабилизација со ЕУ, дијалогот со Приштина, владеењето на правото, со фокус на правосудството, уставните реформи, слободата на медиумите, како и соработката на Србија и ЕУ во надворешната политика и економијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Два трамваи се судрија во Белград, неколку повредени
Вечерва се случи сообраќајна несреќа во Белград.
Околу 18 часот и 30 минути на аголот од булеварот „Крал Александар“ се судриле два трамваи.
Sudar dva tramvaja u Bulevaru izmedju Cvetka i Batutove, sad. pic.twitter.com/nFDoZI0N4P
— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) January 31, 2025
На местото на настанот пристигнала брза помош, а како што е соопштено на Инстаграм страната „Ѕвездара вести“ има неколку повредени.
Сообраќајот беше во прекин во правец на центарот на Белград.
View this post on Instagram
Засега не се познати повеќе детали.
Регион
Умерено силен земјотрес во близина на Сплит
Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележа умерено силен земјотрес во Далмација во 5.02 часот.
Епицентарот бил во близина на островот Шолта, 22 километра југозападно од Сплит.
Земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот од четири до пет степени според ЕМС.
Регион
Серија земјотреси утрово ја погодија Грција, а најсилниот регистриран во близина на Закинтос
Серија земјотреси ја погодија Грција, а најсилниот од сите земјотреси беше со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, кој беше регистриран овој петок, 31 јануари 2025 година, во 8.36 часот, во областа на Јонското Море, во близина на Закинтос.
Неколку минути пред овој земјотрес Грција ја погоди послаб земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала регистриран во 8.28 часот. Пред тоа беше регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степена според Рихтеровата скала.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географските координати на географска ширина 37.4804 и географска должина 20.606, пренесуваат медиумите во регионот.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.