Регион
Србија доби неповратни 179,1 милион евра од ЕУ

Српската министерка за европска интеграција, Јадранка Јоксимовиќ и комесарот за пристапни преговори, Јоханес Хан денеска во Брисел го потпишаа пакетот за претпристапната помош на ИПА 2018 во износ од 179, 1 милион евра.
Станува збор за неповратни средства од ЕУ наменети за поддршка на Србија на европскиот пат.
ИПА програмата за 2018 година предвидува поддршка на проекти во областа на заштитата на животната средина, иновациите, развојот на туристичката инфраструктура, како и поддршка на ранливите категории преку одржливи решенија за живеалишта и вработувања.
Програмата предвидува и интервенции во областа на статистиката, процесот на европските интеграции и усогласување со стандардите на ЕУ, пренесе новинската агенција „Танјуг“.
Преку ИПА фондовите ЕУ помага и ги поддржува земјите кои се кандидати за членство во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.