Регион
Срби заробени во Судан; „Шансата да бидат извлечени е нула“
Голем број жители, меѓу кои и 23 српски државјани, се заробени во Судан, каде веќе неколку дена се водат жестоки борби.
Дваесет и три српски државјани побарале евакуација од Картум, главниот град на Судан, каде од саботата се водат жестоки борби меѓу армијата и паравоените сили, пренесе „Б92“.
Шансата да бидат изнесени од оваа земја во моментов е – нула, изјави за „Н1“ почесниот конзул на Србија во Судан, Ахмед Муфти.
„Ги разгледуваме сите можности да ги евакуираме нашите граѓани во соработка со други амбасади и други дипломатски претставништва, во контакт сме со Обединетите нации, Европската Унија, кога ќе ги евакуираат своите граѓани, ќе видиме дека и ние сме вклучени во тоа. “, рече почесниот конзул.
Тој посочи дека засега нема можност за евакуација.
Според него, аеродромот во Картум е целосно уништен и врз него се пука веќе пет дена и дење и ноќе.
Слична е ситуацијата и со околу 150 германски државјани кои се наоѓаат во таа блискоисточна земја. Како што пренесува „Шпигел“, првиот обид да ги спаси Бундесверот не бил успешен.
Германските воздухопловни сили испратија транспортен авион А400М. Тој во средата се упатил кон Картум, но бил принуден да ја прекине мисијата и да го врати транспортниот авион во Германија, објави „Шпигел“.
Српскиот конзул во Судан изјави дека во околината на аеродромот, кој се наоѓа во центарот на градот, најмногу живеат странци, меѓу кои и српски државјани. Токму на тој простор веќе пет дена се водат борби, нема вода ни струја, залихите со храна се при крај, како и гориво за генераторите на струја.
Конзулот рече дека за евакуација се пријавиле 23 српски државјани, главно оние кои случајно се нашле во Судан поради работа.
Судан го затвори својот воздушен простор веќе 15 дена, заканувајќи се дека ќе го собори секој авион што ќе ја прекрши забраната и ќе се обиде да прелета над небото на Судан.
„Од каде треба да се евакуирате? На тој аеродром нема каде да слетате. Секаде има пукање. Трипати најавуваат прекин на огнот, до кој воопшто не се придржуваат“, нагласи почесниот конзул на Србија во Судан. .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Борисов: Како Радев ќе се натпреварува со мене, врз основа на што?
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со градоначалници од партијата во Стара Загора упати критики кон поранешниот бугарски претседател Румен Радев, доведувајќи го во прашање неговото политичко позиционирање.
„Ние сме научени да бидеме скромни, но да бидеш скромен не значи да немаш самодоверба. Кој во оваа држава направил помалку од нас? Како ќе излезе Радев да се натпреварува со мене, врз основа на што?“, праша реторички Борисов.
Осврнувајќи се на новогодишното обраќање на претседателот, тој додаде: „На Нова година со задржан здив го слушавме говорот на претседателот. Кога рече олигархија – нека каже која е. Јас тврдам дека во ГЕРБ нема таква“.
Регион
(Видео) Вториот најголем вид ајкула снимен во близина на хрватски остров
Интересно суштество беше видено минатата недела во морето во близина на Црес, Хрватска.
Вработените во Институтот „Син свет“ добија видео врз основа на кое заклучија, иако не е најјасно, дека најверојатно станува збор за голема ајкула (Cetorhinus maximus). До овој заклучок дојдоа врз основа на карактеристичниот облик на нејзината грбна перка.
Големата ајкула е вид кој е редок, но постојано присутен по должината на источниот јадрански брег.
Повеќето видувања на ова животно доаѓаат од северниот Јадрански дел, вклучувајќи го и Кварнерскиот залив, кој е добро познат како област на Јадранскиот дел со најголема биомаса на зоопланктон, истакнува Институтот.
Тоа е втор најголем вид ајкула во светот, веднаш по кит-ајкулата, и може да достигне должина од повеќе од десет метри.
Тоа е миграторен вид кој се храни со планктон со филтрирање на морето со широко отворена уста и не е опасен за луѓето.
„Со учество во собирањето податоци од страна на јавноста, добиваме вредни информации што им помагаат на научниците во истражувањето и заштитата на морето. Секоја фотографија, секој совет и секој запис во апликацијата придонесува за подобро разбирање и зачувување на нашиот морски екосистем“, рекоа тие.
Регион
(Фото) Загина планинар во Црна Гора
Црногорски планинар загина на планината Хајла. Неговото тело беше пронајдено вчера на црногорската страна од планината, откако беше пријавен за исчезнат во саботата. Спасувачи од Косово и Црна Гора учествуваа во потрагата, а беа известени од хрватски планинари, соопшти Косовската планинска служба за спасување.
Косовската планинска служба за спасување доби повик од косовската полиција во саботата, 21 февруари, за несреќа што се случила на врвот Хајла, на надморска височина од 2.407 метри. Според првичните информации, SOS пораката ја испратила група хрватски планинари. Тие пријавиле дека црногорскиот планинар се лизнал и паднал во клисура на северната падина од врвот и дека изгубиле секаков контакт со него.
Временските услови во областа биле исклучително тешки, што значително ја комплицирало операцијата за пребарување и спасување. Веднаш по приемот на повикот, Косовската планинска служба распоредила тим планински спасувачи и започнала со координирање на операцијата со колегите од Планинската служба за спасување на Црна Гора. Со оглед на географската локација на местото на несреќата и итноста на ситуацијата, започна прекугранична операција.
Екипите, во тесна соработка со црногорските власти и локалните планинари од Рожаје, ја започнаа операцијата во доцните вечерни часови.
Сепак, поради тешките временски услови и слабата видливост, потрагата беше прекината од безбедносни причини и беше одлучено да продолжи во утринските часови.
Во недела, 22 февруари, за време на обемна потрага што се одвиваше во два правци, беше пронајдено безживотното тело на планинарот Ц.Ф..
Телото беше лоцирано на локација позната како „Јама“, на северните падини на Хајла, на територијата на Црна Гора. По завршувањето на процедурите, телото беше транспортирано и предадено на надлежните институции.

