Регион
Српска новинарка пронајдена мртва во својот стан

Познатата српска новинарка Драгана Трипиќ (58) утринава е пронајдена мртва. Нејзиното тело утринава го пронашла нејзината ќерка во стан во Белград. Телото висело од галеријата на станот и било врзано за креветот.
Драгана, наводно, била во депресија поради работата и кредити. Во нејзината последна објава на „Твитер“ пишува за борбата на корисниците на кредити во швајцарски франци со банките.
Како што пишува Курир.рс, ќерката на новинарката ѝ рекла на полицијата дека Драгана била депресивна поради кредитот што го имала во швајцарски франци. Драгана Трипиќ е родена на 16 мај 1961 година, а работела како новинар во неколку белградски редакции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Америка ја поддржува пресудата на Додик

Министерството за надворешни работи на САД издаде соопштение по пресудата на Судот на Босна и Херцеговина донесена вчера против претседателот на босанскиот ентитет Република Српска (РС), Милорад Додик, јавува „Анадолија“.
„Ја признаваме пресудата на Судот на Босна и Херцеговина против претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на социјалната мрежа „Икс“.
Судот на Босна и Херцеговина во средата донесе пресуда со која Милорад Додик го осуди на една година затвор и шестгодишна забрана да ја извршува функцијата претседател на Република Српска поради непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ.
We acknowledge the Court of Bosnia and Herzegovina’s verdict today concerning Republika Srpska President Milorad Dodik.
— Tammy Bruce (@statedeptspox) February 27, 2025
„Ние силно се спротивставуваме на какви било активности на локалните челници, кои би можеле да ги поткопаат безбедноста и стабилноста. Ги поддржуваме Дејтонскиот договор и суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ“, рече Брус.
Додик не присуствуваше на пресудата. Наместо тоа, тој се обрати на митингот на неговите поддржувачи во Бања Лука навредувајќи ги судството во БиХ, високиот претставник Кристијан Шмит, како и германските и американските власти.
Тој најави дека РС ќе донесе закони за забрана на судските и безбедносните институции на БиХ на територијата на РС.
Регион
(Видео) Голем пожар избувна во Нови Сад: „Се слушнаа детонации“

Синоќа, околу 22 часот, голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Сад, а според неофицијални информации, нема повредени, јавува „021.рс“.
Интервенираа пожарникари од Нови Сад, кои го изгаснаа пожарот.
View this post on Instagram
Според „021“, наводно се слушнале детонации, а жителите на Нови Сад добиле СМС-предупредување да не излегуваат од своите домови.
View this post on Instagram
Одделението за вонредни ситуации издаде предупредување. „Поради пожарот и големите количества чад, не излегувајте од објектите додека не помине опасноста“, се наведува во предупредувањето.
View this post on Instagram
За пожарот се огласи и новиот градоначалник на Нови Сад, Жарко Миќин, кој соопшти дека МВР преку новиот систем за известување за итни случаи ги предупреди граѓаните дека поради пожарот и големите количества чад не треба да ги напуштаат домовите додека не помине опасноста.
View this post on Instagram
Засега не се знае што имало во зградата во која избувна пожарот, ниту што го предизвикало.
View this post on Instagram
Регион
Орбан: Пресудата на Додик е лов на вештерки

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека пресудата против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е политички лов на вештерки. Во објава на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека пресудата е тажен пример за инструментализација на правниот систем.
The political witch hunt against President @MiloradDodik is a sad example of the weaponization of the legal system aimed at a democratically elected leader.
If we want to safeguard stability in the Western Balkans, this is not the way forward!
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2025
„Политичкиот лов на вештерки против претседателот Милорад Додик е тажен пример за користење на правниот систем како оружје против демократски избран лидер. Ако сакаме да ја зачуваме стабилноста на Западен Балкан, ова не е вистинскиот пат!“, напиша Орбан.
Судот на БиХ го прогласи Додик за виновен за неисполнување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ и го осуди на една година затворска казна и забрана за вршење на функцијата претседател на Република Српска во период од шест години од денот на правосилноста на пресудата.