Регион
Студентот кој го преживеа страшниот судир меѓу возови во Грција сè уште е во кома – беше најден жив помеѓу 57 мртви
Помина една година од страшниот судир на патнички и товарен воз во близина на Лариса, Грција.
Невидената несреќа однесе дури 57 животи, а меѓу телата беше пронајден и млад човек, кој преживеа. Герасимо Јасонас Георгиадис, студент од Волос, беше единствениот преживеан од првиот вагон на патничкиот воз, но и една година по несреќата тој сè уште е во кома.
„Сè уште не можам да се соочам со сликата на тие два вагона“, вели неговата мајка, пишува „Прототема“.
Мајката не губи надеж и секогаш е покрај синот.
„Една година храбро се бори за живот“, вели жената и додава дека лекарите на одделението за интензивна нега на Општата болница во Лариса станале како дел од нивното семејство.
По судирот, Герасимо излетал од вагонот и се здобил со сериозни повреди на главата, па неговата состојба се уште се наведува како критична.
„Герасимос води титанска битка. Сепак, се е клучно, не ми текнува ништо друго освен да бидам до него. Развојот на неговата состојба е непредвидлив. Герасимо имаше две операции. Прогнозата е лоша. Покрај мојата љубов, имам само надеж и верба да му дадам. Верувам во него бидејќи доби многу битки. Од се срце им благодарам на луѓето кои се молат за моето дете“, рекла мајката.
Семејствата на жртвите присуствуваа на комеморацијата на местото на трагедијата во неделата.
„Наша одговорност е да се потсетиме на 57-те души и да го почитуваме тој помен. Денес е тежок ден. Почести го заспаниот со тишина и молитва. Не го третирајте со врева. Загинатите не треба да останат само спомен на несреќата“, рече митрополитот Хиероним.
Истрагата не е завршена и се уште не се познати точните околности под кои се случи судирот на патнички воз и товарен воз на 28 февруари 2023 година, кој однесе голем број животи.
Според објавените информации, се чини дека до несреќата дошло поради погрешно ракување на шефот на станицата во Лариса, кој на делницата Лариса – Евангелизам го насочил патничкиот воз на пругата на која бил и товарниот воз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Дванаесет државјани на БиХ осомничени за воени злосторства во Украина
Дванаесет државјани на Босна и Херцеговина се осомничени за воени злосторства извршени на територијата на Украина, пишува „Детектор“. Киев веќе година и пол чека од институциите на БиХ да достават клучни информации за овие лица, но досега не е добиен никаков одговор.
Од канцеларијата на украинскиот државен обвинител потврдуваат дека станува збор за лица за кои постојат основани сомнежи дека учествувале во воени злосторства како припадници на приватни воени компании. Во февруари 2024 година Украина доставила барање за меѓународна правна помош, барајќи податоци за нивниот престој во БиХ, како и нивно испитување и документација. БиХ одговорила дека лицата не се пронајдени на пријавените адреси, а претходната постапка сè уште трае.
Според „Европол“, овие 12 лица се дел од поголема група од 654 осомничени припадници на руските паравоени формации „Вагнер“ и „Редут“, под истрага за најтешки воени злосторства – сексуално насилство, погубувања на заробеници и цивили, како и употреба на забрането оружје. Во акциите во Украина и Молдавија биле запленети оружје, муниција, униформи и електронска опрема, а 11 украински државјани биле уапсени поради велепредавство.
Тужителството на БиХ соопшти дека „Европол“ не ги информирал за акцијата, но дека ќе воспостават контакт со европските партнери за да добијат дополнителни информации. Учеството во странски воени или паравоени формации во БиХ е кривично дело со минимална казна од три години затвор.
Регион
(Видео) Автомобил удри во група луѓе во Белград, има повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случи денес во Бањица кога автомобил се судри со група луѓе.
Екипата за итни случаи е на местото на настанот, пренесуваат тамошните медиуми.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
Според очевидци, две лица биле заробени под возилото.
„Неколку лица се повредени. Според неофицијални информации, возачот починал зад воланот“, се вели на инстаграм-профилот на 192.rs.
Регион
Албанија го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ
В понеделник Албанија ќе го отвори последниот, шести кластер, во преговорите со ЕУ.
На седмиот состанок на конференцијата за пристапување на Албанија во ЕУ ќе биде отворен кластерот 5, кој се однесува на ресурсите, земјоделството и кохезијата.
Тој кластер се состои од поглавјата – 11 (земјоделство и рурален развој), 12 (безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика), 13 (рибарство и аквакултура), 22 (регионална политика и координација на структурни инструменти) и 33 (финансиски и буџетски одредби), објави Брисел.
Албанија, која доби статус на кандидат за членство во 2014 година, го отвори првиот кластер во преговорите (основни) со ЕУ во октомври минатата година, што значи дека ги отвори сите кластери за речиси една година.
Албанскиот премиер Еди Рама го опиша отворањето на последниот кластер во преговорите како рекордно достигнување.
Тој исто така рече дека ништо нема да го спречи патот на Албанија кон членство во ЕУ во 2030 година и дека целта на владата е да го заврши процесот на преговори до 2027 година, објави albaniandailynews.com.
Амбициите на Тирана се поткрепени од фактот дека италијанската премиерка Џорџа Мелони ги поддржа плановите на Албанија за пристапување кон ЕУ вчера на прес-конференцијата по првиот самит Италија – Албанија во Рим.
Мелони објави дека ќе се стреми политичките преговори со Албанија за пристапување кон Унијата да почнат во првите шест месеци од 2028 година кога Италија ќе претседава со ЕУ, објави „Политико“.
Фото: принтскрин

