Регион
Тачи побара помош од Грција за членство во меѓународните организации

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека Косово го цени позитивниот и принципиелен став на Грција, кога е во прашање европската перспектива на Косово.
„Високо ја цениме поддршката на Грција за членство на Косово во меѓународните организации и бараме поддршката да стане даум за членство во Интерпол, Унеско, НАТО, како во Обединетите Нации“, изјави Тачи на состанокот со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.
Шефот на грчката дипломатија рече дека нормализацијата на односите помеѓу земјите од Западен Балкан, но и во самата Европска Унија, е особено значајна.
„Ја поздравувам европската интеграција на сите нивоа кога се во прашање земјите од Западен Балкан“, рече тој.
Тачи и Коѕијас разговараа за процесот на отворање на Канцеларијата на Косово во Атина, која ќе овозможи зајакнување на билатералните и економските односи помеѓу двете земји.
Пред состанокот со косовскиот претседател, шефот на грчката дипломатија се состана и со првиот заменик премиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли, но најавената конференција помеѓу двајцата министри не се одржа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.