Контакт

Регион

Тачи: Сега е појасно од кога било дека ни треба договор со Србија

Објавено пред

По неуспехот на Косово да стане членка на Интерпол, косовскиот претседател, Хашим Тачи, изјави дека сега е појасно од  кога било оти е неопходен конечен и сеопфатен договор помеѓу Косово и Србија, за да се осигура членството во меѓународните организации.

dobivaj vesti na viber

Тачи им заблагодари на сите земји кои гласаа во корист на Косово, пренесе агенцијата „Анадолија“.

„Со оглед на негативниот исход на гласање, сега е појасно од кога било дека е потребен конечен и сеопфатен договор помеѓу Косово и Србија за да се осигура мнозинско признавање и членство на Косово во ОН, НАТО и ЕУ“, порача Тачи на социјалната мрежа „Твитер“.

На денешното Собрание на Интерпол во Дубаи се гласаше за примање на Косово како нова членка во меѓународната полициска организација. Поради неуспехот на Косово да обезбеди двотретинско мнозинство, барањето беше одбиено. „Против“ гласаше 51 држава, 68 земји гласаа „за“, а 16 беа воздржани. Ова e трет обид на Косово да стане членка на Интерпол.

Амбасадите на САД во Белград и на Велика Британија во Приштина, оценија дека одлуката Косово да не се прими во Интерпол е разочарувачка, додека амбасадорот на Русија, Александар Чепурин, му честиташе на српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, за, како што напиша на „Твитер“, одличната работа во Дубаи. Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека одбивањето на барањето за членство на Косово во Интерпол е успех на Србија, но поради тоа не е потребна еуфорија и понижување на Косово.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

ЕУ: Американските санкции кон Канада и Мексико ја загрозуваат економската стабилност

Објавено пред

Европската Унија изрази длабоко жалење поради одлуката на САД да воведат царини за увоз од Мексико и Канада велејќи дека тоа „ризикува да ја наруши светската трговија и да ја загрози економската стабилност на двете страни на Атлантикот“.

dobivaj vesti na viber

„ЕУ цврсто се противи на протекционистичките мерки, кои ја поткопуваат отворената и фер трговија. Ги повикуваме САД да го преиспитаат својот пристап и да работат кон кооперативно, засновано на правила решение, кое ќе биде од корист за сите страни“, рече Олоф Гил, портпарол за трговија на Европската комисија, во денешната изјава.

Доналд Трамп ја исполни својата закана дека ќе воведе високи царини на три од водечките трговски партнери на САД, при што тарифите за Канада и Мексико стапија во сила денеска. Ова предизвика брза реакција од Пекинг и Отава.

Поради зголемените стравувања од трговски војни, берзите во Азија и Европа паѓаат.

Овие царини ризикуваат да ја нарушат глобалната трговија, да им наштетат на клучните економски партнери и да создадат непотребна несигурност во време кога меѓународната соработка е потребна повеќе од кога било, изјави портпаролот на Европската комисија.

„Мексико и Канада не се само блиски сојузници на ЕУ, туку и витални економски партнери“, рече тој додавајќи дека овие царини се закана за „длабоко интегрираните синџири на снабдување и инвестициските текови“.

Европа е под закана и од американските санкции. Европската комисија предупреди дека ќе реагира цврсто и веднаш на новите мерки на американскиот претседател, кои би биле насочени против неа.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Тепачка, димни бомби: бурен почеток на седницата во собранието во Србија

Објавено пред

Хаос избувна денеска на седница на српскиот парламент кога се степаа пратениците на власта и опозицијата, пишуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Пратениците фрлаат димни бомби. Салата е полна со чад. Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, која реагира на чадот во салата, рече дека седницата мора да се прекине.

Пратениците меѓусебно се туркаа, удираа, фрлаа вода, а подигнат беше и транспарент на кој пишува „Србија се крева за да падне режимот“.

Во Собранието пристигна министерот за полиција, Ивица Дачиќ.

Според најавите, треба да биде констатирана и оставката на премиерот Милош Вучевиќ, која ја поднесе на 28 јануари.

Пратеникот на СНС, Миленко Јованов, предложи точката за разрешување на претседателката на собранието, Ана Брнабиќ, да се симне од дневен ред. И покрај негодувањето на опозицијата, владините пратеници го усвоија овој предлог.

„Почитувани пратеници, ова собрание ќе продолжи да работи. Барам пратениците од мнозинството да се вратат во своите фотелји, треба да донесеме закони. Имаме работа, Србија никогаш нема да застане. Седнете и ајде да работиме. Ваква Србија никогаш нема да победи“, рече претседателката на собранието, која, поради димот, се закашла и не можеше да зборува.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучевиќ: Професорите што не предавале утре нема да го добијат првиот дел од февруарската плата

Објавено пред

Милош Вучевиќ, премиерот на Србија во заминување, утрово изјави дека професорите и наставниците што не предавале нема да ги добијат февруарските плати. Премиерот ја истакна и изјавата на претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, дека студентите треба да се вратат на универзитетите најдоцна до 17 март за да не се изгуби академската година.

dobivaj vesti na viber

„Се плашам дека е уште потешко за училиштата, не сум сигурен како е можно да се постигне тоа. Професорите и наставниците, кои не држеле настава во училиштата, утре нема да го добијат првиот дел од февруарската плата. Тој што не работи, нема да земе плата“, изјави утрово Вучевиќ за „Прва телевизија“.

Како што рече, „тоа апсолутно не е фер кон оние што работеле“.

„Оние што работат и во минимален работен процес немаат проблем да добијат плата. Тоа е процес кој е правен и нешто што државата може да го препознае. Дозволивте нашите училишта да се затворат, а сепак велите дека се борите за подобра Србија. Конкретно, не може да се легализира тоа што лукаво го направија, родителите да одлучуваат во групите на ‘Вибер’ дали ќе одат децата или не на училиште. Која безбедност е загрозена во училиштата? Каква врска има ова со паѓањето на натстрешникот? Апсолутно никаква“, рече, меѓу другото, Вучевиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Државата ќе плаќа за кратење желудник на прекумерно дебелите, а операцијата ќе се прави кај нас место во странство

Место во странство, 40 пациенти со прекумерна дебелина ќе може да направат операција за намалување на тежината кај нас, а...

Македонија5 часа

„Вреди“: Ахмети е очаен за политичко внимание, зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот од пораз

Тоа што ДУИ не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очаен...

Македонија5 часа

Сиљановска ја штити и релативизира Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон...

Македонија6 часа

Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди, најави АХВ

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови...

Македонија6 часа

(Видео) Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајни незгоди, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се...

Свет6 часа

Американски експерт за надворешна и безбедносна политика: Она што го прават САД, Путин го толкува како бело знаме

Добро е што САД „разговараат со противникот“, но во моментов звучи како да сакаат мир и договор повеќе од Русија,...

Македонија6 часа

Утрово најстудено во Берово, денеска максималната температура до 16 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -8 степени, -7 било на Попова Шапка, -6 во Маврови Анови...

Европа7 часа

Би-би-си: Какви опции има Зеленски сега? Јасно е што сака Трамп

„Што може Зеленски да направи за да ја промени ситуацијата? Да му се извини на претседателот Трамп? Да го прифати...

Свет9 часа

(Видео) Венс: Зеленски не е подготвен за мир, тоа е вистинскиот проблем

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс рече дека верува оти украинскиот претседател Володимир Зеленски „на крајот“ ќе се помири со учеството...

Свет9 часа

Трамп ја паузира воената помош за Украина, објави „Ројтерс“

Соединетите држави ја паузираат воената помош за Украина само неколку дена откако сегашниот американски претседател Доналд Трамп се судри со...

Македонија21 час

Средба Муцунски-Сијарто: Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери и инвеститори во Македонија

Во рамките на Втората меѓувладина седница со Унгарија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Будимпешта...

Македонија22 часа

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за случајот „Рекет“ во кој е обвинет Бојан Јовановски – Боки 13. Боки 13 во...

Македонија1 ден

Онака сложно како што ги зачуваа патните трошоци, пратениците да изгласаат дополнително покачување на минималната плата од 6.000 денари, побара Трендафилов

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), денес, до Владата, до Собранието и до работодавците достави предлог во кој бара дополнително...

Топ1 ден

Вработените во Филхармонијата до Мицкоски и Љутков: За директор треба да се избере најквалификуваниот, а не партиски договорениот кандидат

Пред неколку дена, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во изјава за еден медиум рече дека одлуката кој ќе...

Свет1 ден

Трамп: „Зеленски нема да има друга опција, освен да се предаде“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата социјална мрежа Truth Social сподели објава во која тврди дека украинскиот претседател Володимир...

Македонија1 ден

Платите да се исплаќаат до петти место до петнаесетти во месецот, предлага Левицата

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица и портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ, обзнани дека пратениците од Левица поднеле предлог во...

Македонија1 ден

За електронски индекс ќе треба една и пол година, месецов почнува дигитализацијата на студентските сервиси на УКИМ, вели ректорката Ангелова

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) месецов почнува со дигитална трансформација. Ректорката Билјана Ангелова најави дека првин ќе се дигитализираат...

Македонија1 ден

ДУИ подготвува бојкот на локалните избори за да го избегне поразот, велат од „Влен“

За да го избегне поразот ДУИ планира да ги бојкотира изборите и да провоцира тензии на денот на гласањето, веалт...

Македонија1 ден

Возел под дејство на алкохол, со голема брзина и тешко повредил пешак: истрага за сообраќајна несреќа во Скопје

Мерки на претпазливост, кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или...

Европа1 ден

Лавров: Зеленски се претвори во чист нацист и предавник на Евреите

Украинскиот лидер Володимир Зеленски по доаѓањето на власт се претвори во „чист нацист“ и предавник на Евреите, изјави рускиот министер...