Регион
Трагедија на Крк: жена скокна и се удави во разбрануваното море обидувајќи се да ги спаси сопругот и внукот
Двајца вработени во кампот „Јежевац“, кој се наоѓа во близина на плажата каде што се случила трагедијата, успеале да ги спасат дедото и внукот. За жал, бурното море ја одвлекло бабата од брегот… Иако се обиделе да ја реанимираат и 52-годишната жена од околината на Осијек, која била извлечена од морето на плажата на Крк, таа не можела да се спаси.
Според хрватските медиуми, викендов дедото и 10-годишниот внук, кои биле сместени во апартман на близина на градската плажа Плав, одлучиле да пливаат во морето иако временските услови биле крајно неповолни.
Набргу големи бранови почнале да се креваат, а морските струи ги спречувале при обидот да стигнат до брегот. Бабата, гледајќи ги како се борат со бурното море, сосе облека одлучила да влезе во морето за да им помогне. Во меѓувреме, дедото и внукот биле спасени од двајца вработени во автокампот „Јежевац“.
Тие веднаш тргнале да ја спасат и несреќната жена, но лошото време им се заканувало и на спасувачите. Динко Петров, командант на професионалната Противпожарна единица Крк, за „Нови лист“ изјави дека во 2.51 часот преку службата 112 вработените добиле пријава за случајот.
„Веднаш по пријавата, тројца наши вработени притрчаа во комплексот за кампери со возила, кои вклучуваа опрема за овој вид спасување. По пристигнувањето во кампот, се покажало дека двајца храбри работници, со голема тешкотија да ги избегнат карпите на кои ги фрлало бурното море, успеале да извлечат од морето двајца мажи, дедо и внук, и дека тие веднаш се фрлиле во обид да ја спасат и жената, која морето ја повлекло подалеку од брегот“, вели Петров.
Таа едвај била извлечена на брегот, на местото на трагедијата пристигнале и две екипи на медицинската помош од Крк, но, за жал, не успеале да ја спасат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

