Регион
Уапсени организатори на корона-забава во Белград – ја нападнале полицијата

Припадници на српската полиција уапсиле две момчиња кои биле одговорни лица во угостителски објект во Нов Белград.
Тие се уапсени поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата.
Според полицијата, организирале собир во угостителски објект, на кој присуствувале приближно 600 лица и со тоа се прекршиле епидемиолошките мерки. При акцијата три момчиња ги нападнале припадниците на полицијата по што се уапсени. Осомничените се притворени до 48 часа, а заедно со кривичните пријави ќе бидат изведени во Третото основно јавно обвинителство во Белград.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ученик од седмо одделение приведен во Србија: донел нож и список за отстрел во училиште

Ученик од основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Нов Белград е однесен во полиција на разговор, објави српски Блиц.
Се сомнева дека вчера во училиштето донел список за убивање и нож.
Момчето е испрашувано од полицијата по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, а се вели дека станува збор за ученик во седмо одделение.
Сите околности на инцидентот сè уште се утврдуваат, а деталите не се познати.
Регион
Млад човек уапсен во Далмација за силување и детска порнографија

Окружното државно обвинителство во Сплит отвори истрага против 25-годишен хрватски државјанин под сомнение за силување и повеќе кривични дела на детска порнографија.
Според соопштението од државното обвинителство, мажот е осомничен дека ги сторил овие кривични дела во 2024 и почетокот на 2025 година во Сплитско-далматинската жупанија. Тој е обвинет за силување согласно член 153 став 1 од Кривичниот законик и повеќе кривични дела детска порнографија согласно член 163 став 1 и 2.
По сослушувањето на осомничениот, Окружното државно обвинителство му предложи на истражниот судија да му биде одреден притвор поради можноста за влијание врз сведоците и ризикот од повторување на кривичното дело. Судијата го прифати предлогот и му одреди притвор врз основа на законски основи согласно член 123 од Законот за кривична постапка.
Регион
Вучиќ е во посета на Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ќе ја посети Украина, што е прва посета на лидерот на земјата која одржува срдечни односи со Москва од почетокот на војната во февруари 2022 година, објави претседателството во соопштение.
„Претседателот на Република Србија ќе ја посети Украина еден ден во среда, 11 јуни, каде што ќе учествува на самитот Украина-Југоисточна Европа“, објави српското претседателство.
Српскиот шеф на државата не ја посетил Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Посетата доаѓа неколку дена откако Русија ги обвини српските компании за оружје дека се обидуваат да „забијат нож во грб“ на Москва со продажба на муниција на Украина.
Присуството на српска муниција во Украина никогаш не е јавно признато или целосно негирано. Неколку недели претходно, Александар Вучиќ, кој балансира помеѓу својот историски сојузник Русија и својата желба да се приклучи на Европската Унија, беше на Црвениот плоштад во Москва за да ја прослави 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија.