Регион
Убиство во Србија: шестмина претепале човек до смрт, се скарале за музика

Шест лица се уапсени за убиство на 47-годишниот Душан А., кој синоќа беше претепан до смрт во ресторан во Младеновац, Србија. Убиениот Душан вечерта бил во кафеана со својот син В. А., кој бил повреден во тепачката, известуваат српските медиуми.
„Дуле беше со синот и кумот, славеше роденден на синот во кафеана, па застанаа овде на музика во живо. Тие седнаа на масата, а од другата страна беа други луѓе. Дуле во еден момент сакаше да нарача песна, тоа беше музика во живо. Шестмината се противеа и не му дадоа. Одеднаш настана хаос, маж го удри со шише. Човекот само падна, ова е навистина несреќа. По тепачката, сите се распрснаа. Веднаш беа повикани полиција и брза помош, која пристигна половина час подоцна. Човекот многу крвареше“, велат за „Нова.рс“ од објектот во кој се случила тепачката.
Соседите од улицата, каде што се случила тепачката, велат дека уапсените живеат во близина на ресторанот и дека претходно биле познати како проблематични.
Злосторството се случи синоќа во ресторан во Младеновац.
Шест лица се уапсени и задржани во притвор до 48 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.