Регион
(Фото+видео) Разорно невреме во Романија направи незапаметен хаос: куќи и автомобили под вода, снема струја
Силниот дожд што падна на истокот на Романија доведе до поплави во неколку региони, оставајќи зад себе разорни сцени и проблеми за локалното население. Агигеа, Тузла, Костинести, Ефорие, Мангалија и Вама Вече беа најтешко погодени, стотици куќи беа поплавени, а многу улици беа потопени.
Тешкотии во Вама Вече
Во популарното туристичко место Вама Вече ситуацијата е особено тешка. Туристите кои престојувале во хотелот ги нашле своите автомобили полни со вода во саботата наутро, додека одморалиштето моментално е без струја. Во тек е опсежна акција за чистење за санирање на плажата и ублажување на последиците од поплавите.
“Библиска поплава! Почна околу еден часот по полноќ кога почна да врне силен дожд. Не можев да видам метар пред мене”, рекол еден локален жител.
Локалните власти велат дека и покрај големата материјална штета, нема информации за жртви.
Constanta county, Romania last night.
Severe storms with more than 200 ml / sq. m rain caused flash floods, destroyed parts of the beach, cars and houses. pic.twitter.com/eZbgkG9yVB— Bogdan (@b_bogdann) August 31, 2024
Интервенција на противпожарната служба
Противпожарната служба на ISU Dobrogea примила повеќе од 800 повици од луѓе кои барале помош, а од петокот вечерта, единиците се на терен во 15-те области кои се најпогодени од поплавата. Интензивните напори се насочени кон пружање помош на населението и намалување на штетите предизвикани од поплавата.
Ретка појава на систем на циклонска бура
Метеоролозите посочија дека причината за поплавата е циклонска бура, која била неподвижна над Црното Море, вшмукувајќи огромни количества вода. Овој феномен е доста редок и обично се случува еднаш или двапати годишно, што ја нагласува сериозноста на ситуацијата што ја снајде Источна Романија.
Constanta county, Romania.
Severe storms flooded the beach.
Some areas had more than 200 ml / sq. m rain. pic.twitter.com/FTYhQGWjOz— Bogdan (@b_bogdann) August 31, 2024
Иако се очекува циклонот да се движи кон југ кон Грција и Турција во наредните денови, во Романија останува на сила портокаловото метео предупредување. Граѓаните и надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата и да ги преземаат неопходните мерки на претпазливост за да се соочат со евентуалните нови предизвици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

