Регион
Хан: Има нов импулс во преговорите меѓу Белград и Приштина

Европскиот комесар за преговори за проширување , Јоханес Хан изјави дека гледа нов импулс во дијалогот Белград-Приштина, иако се уште нема ништо конкретно.
Ваквиот став Хан го објаснува на прво место со промената на пристапот на Косово, кој, според него, досега учествува во дијалогот со помала волја отколку Србите.
„Можеби порано имаа помалку волја за дијалог од Србија, но сега сфаќаат дека тој е и во нивни интерес“ рече Хан во Брисел.
Според Хан, Во Косово сега има позитивно расположение, откако таму е испратен експертски тим на ЕУ за финална проценка за ипсолнување на условите за визна либерализација за косовските граѓани, откако Собранието во Приштина го ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.