Регион
Харадинај: Гласот против демаркацијата носи изолација на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека само еден глас против демаркацијата на границата со Црна Гора може да доведе до изолација на Косово. Харадинај, коментирајќи ги активностите на владата и на мнозинството во собранието на Косово за убедувањето за гласање за демаркацијата на седницата закажана за 20 март, оцени дека неоходно е целосно ангажирање на сите пратеници во собранието за да се изгласа демаркацијата на границата.
Тој додаде дека повеќето пратеници се свесни за последиците ако не се изгласа демаркацијата и покрај одредени влијанија и пропаганди што пристигнуваат до нив. Харадинај на седница на Владата информира дека веќе е добиена поддршка од страна на пратениците на Демократскиот сојуз на Косово, а побарано е и од двете крила на Самоопределување да го дадат гласот за демаркацијата.
„Исто така, се очекуваат и гласовите на пратениците на Српската листа“, изјави Харадинај.
Неколку пати собранието не успеа да обезбеди формум за изгасување на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора, која е потпишана помеѓу претседателите на Косово и Црна Гора , Хашим Тачи и Филип Вујановиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Силно невреме во Србија: ветерот корнеше дрвја, дел од зградите останаа без покриви

Силна бура го погоди Белград и некои делови од Србија во раните попладневни часови. Пет лица се повредени, а предизвикана е голема материјална штета, пренесуваат тамошните медиуми.
Бурни налети на ветер соборија кран на градилиштето во Нов Белград, превртеа приколка за влечно возило, а осамна и видео од Ледино кај Сурчин, каде што бројни станбени згради останаа без покриви. Луѓето во областа според написите, избегаа без никакви последици, а најмалку две згради останаа без покриви.
Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, објавува Спутник.
МУП издаде и тревога за ризик од силна бура со дожд, грмежи, голем град и силни налети на ветер.
Регион
Поради екстремните горештини затворен познатиот Акропол во Грција

Поради екстремната топлина што ја зафати Грција, познатиот Акропол во Атина ќе биде затворен за посетители до 17 часот.
Во земјата се очекуваат температури до 42 степени, а издадени се и бројни предупредувања поради зголемениот ризик од пожар, јавува Би-Би-Си.
Грчките власти одлучија повторно да го затворат Акрополот, еден од најпосетуваните археолошки локалитети во Европа, додека метеоролозите најавуваат нови високи температури и многу висок ризик од пожар.
Министерството за култура објави дека Акрополот ќе биде затворен во најжешкиот дел од денот, помеѓу 13 и 17 часот.
„Мерката е усвоена за безбедноста на вработените и посетителите“, соопшти Министерството за култура. Повеќе од 4,5 милиони луѓе го посетуваат Акрополот годишно.
Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.